Bosch RC2 (0.601.069.C00) [155/208] Монтажа

Bosch RC2 (0.601.069.C00) [155/208] Монтажа
Македонски | 155
Bosch Power Tools 1 609 92A 309 | (21.6.16)
Монтажа
Напојување со енергија на површинскиот
ласер
Мерниот уред може да се користи или со обични батерии
или со литиум-јонски батерии од Bosch.
Работа со батерии (види слика B)
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За да ги ставите или извадите батериите, поместувањето
по висина мора да се доведе во најниска позиција. Притоа
свртете го копчето 9 на подесувањето по висина до крај во
правец спротивен на стрелките на часовникот.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии 7
притиснете на блокадата 6 и отворете го поклопецот на
преградата за батерии. Ставете ги батериите. Притоа
внимавајте на половите во согласност со приказот на
внатрешната страна на поклопецот од преградата за
батерии.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Работа со батерија (види слика C)
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот мерен уред.
Користењето друг вид батерии може да доведе до
повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот мерен уред може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на мерниот уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонската батерија што се користи за
Вашиот мерен уред.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата,
што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и
45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на употреба на
батеријата.
За да ги ставите или извадите батериите 23
поместувањето по висина мора да се доведе во најниска
позициј
а. Притоа свртете го копчето 9 на подесувањето по
висина до крај во правец спротивен на стрелките на
часовникот.
За да ги ставите батериите 23 притиснете на блокадата 6 и
отворете го поклопецот од преградата за батерии 7.
Притиснете ја наполнетата батерија до крај во преградата
за батерии и затворете го поклопецот.
Работа со 1,5-Ah-батерија: За да може да го затворите
поклопецот од преградата за батерии 7, мора да го
извадите придушувачот од пенест материјал од
внатрешната страна на поклопецот од преградата за
батерии.
Тип на ласер
630670 nm, <5 mW 630670 nm, <5 mW
C
6
11
Батерии (алкални мангански)
Батерија литиум-јонска)
4x1,5VLR06 (AA)
10,8 V
4x1,5VLR06 (AA)
10,8 V
Времетраење на работа
Батерии (алкални мангански)
Батерија литиум-јонска) (1,3 Аh)
Батерија литиум-јонска) (1,5 Аh)
15 ч
15 ч
25 ч
15 ч
15 ч
25 ч
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014
1,4 кг 1,4 кг
Димензии (Должина x Ширина x Висина)
210 x 195x205 мм 210 x 195x205 мм
Вид на заштита
IP 54 (заштита од прав и
прскање на вода)
IP 54 (заштита од прав и
прскање на вода)
Површински ласер GSL 2 GSL 2 Set
1) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (напр. директна изложеност на сончеви зраци).
Серискиот број 12 на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот површински ласер.
Далечински управувач RC 2
Број на дел/артикл
3 601 K69 C00
Работно поле
2)
2
Температура при работа
–10 °C...+50 °C
Температура при складирање
2C...+70 °C
Батерии
3 x 1,5 V LR03 (AAA)
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
0,05 кг
2) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на
околината (напр. директна изложеност на сончеви зраци).
Серискиот број на спецификационата плочка 22 служи за јасна
идентификација на вашиот мерен уред.
OBJ_BUCH-1545-007.book Page 155 Tuesday, June 21, 2016 4:54 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать