Bosch GIC 120 C (0.601.241.200) [124/168] Магнет

Bosch GIC 120 C (0.601.241.200) [124/168] Магнет
124 | Македонски
1 609 92A 21L | (28.9.16) Bosch Power Tools
Носете соодветна лична заштитна опрема како
заштитни очила, заштитни ракавици или заштитна
маска за дишење, доколку постојат супстанци
опасни по здравјето во работното поле. Каналите за
одводнување или сличните области може да содржат
цврсти, течни или гасовидни супстанци, кои се
отровни, инфективни, имаат нагризувачко дејство или
се опасни по здравјето на друг начин.
Особено внимавајте на чистотата, доколку работите
во полиња со супстанци опасни по здравјето. Не
јадете за време на работата. Избегнувајте контакт со
супстанци опасни по здравјето и по работата исчистете
ги дланките и другите делови од телото што дошле во
контакт со супстанците со топол раствор од сапун. Со
тоа се намалува опасноста по здравјето.
Не стојте во вода, доколку ја користите камерата за
проверка. При работење во вода постои ризик од
електричен удар.
Магнет
Не го принесувајте магнетот 23 во
близина на пејсмејкери. Магнетот создава
поле, кое може да ја наруши функцијата на
пејсмејкерите.
Магнетот 23 држете го подалеку од магнетски
носачи на податоци и уреди осетливи на магнет.
Поради влијанието на магнетот, може да дојде до
неповратно губење на податоците.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на камерата за проверка, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Дигиталната камера за проверка е погодна за проверка на
тешко достапни или темни места. По монтажата на
испорачаното помошно средство на главата од камерата,
таа е погодна и за поместување и отстранување на мали и
лесни предмети (на пр. ситни шрафови).
Дигиталната камера за проверка не смее да се користи за
медицински цели. Таа исто така не е наменета за поправка
на запушени цевки или влечење на кабли.
Светлото на главата од камерата е наменето да го осветли
директно полето на работа на камерата за проверка и не е
погодно за просторно осветлување во домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на камерата за проверка на графичката
страница.
1 Рачен уред
2 Копче за зголемување
3 Копче за вклучување-исклучување
4 Копче Галерија/Поставки (1. ниво)
Копче OK/Бришење (2. ниво)
5 Копче Up is Up™ (1. ниво)
Копче за прелистување нанапред (2. ниво)
6 Чкрапало за пуштање на фото или видео снимка или
видео (режим на галерија)
7 Копче за осветлување/светлост (1. ниво)
Копче за прелистување наназад (2. ниво)
8 Копче за префрлување меѓу режим на фотографија
или видео (1. ниво)
Копче Назад (2. ниво)
9 Екран
10 Горен поклопец
11 Слот за микро-SD-картичка
12 Приклучок за микро-USB-кабел
13 Кабел за камерата
14 Глава на камерата
15 Светла на главата на камерата
16 Леќа на камерата
17 Батерија*
18 Копче за отклучување
19 Микро-USB-кабел
20 Микро-SD-картичка (4 GB)
21 Приклучок за камерата
22 Фиксира
ње на кабелот од камерата
23 Магнет
24 Куки
25 Огледало
26 Обвивка за батерискиот адаптер
27 Капаче за затворање на батерискиот адаптер
28 Отвор
29 Поклопец на преградата за батеријата
Елементи на приказот (избор)
a Поставен фото или видео режим
b Статусна лента
c Поставено зголемување
d Поставено осветлување/светлост
e Состојба на наполнетост на акумулаторот/батериите
f Ознака за префрлување меѓу режим на фотографија
или видео
g Ознака за режим на галерија/режим за поставки
h Префрлување на репродукција на боја/црно-бела
репродукција
i Подесување на светлината на екранот
j Подесување на датумот/времето на часовникот
k Подесување на времетраењето на автоматското
исклучување (Auto-Off-функција)
l Подесување на времетраењето на светлото на
екранот
m Моментална зафатеност на мемориј
ата на микро-SD-
картичката
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
OBJ_BUCH-2385-003.book Page 124 Wednesday, September 28, 2016 2:28 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать