Gorenje G Force Plus VC2321GPLRCY 685955 [16/36] Празнење на садот за прашина

Gorenje G Force Plus VC2321GPLRCY 685955 [16/36] Празнење на садот за прашина
16
1. Откако ќе го отстраните цревото,
отворете го предниот капак.
2. Завртете го држачот на ќесата во
правилната положба.
3. Извадете ја ќесата за прашина.
4. Кога ќе се наполни, сменете ја ќесата со
нова.
5. Затворете го капакот со притискање
додека не се заклучи.
2. Празнење на садот за прашина
Секогаш користете ја правосмукалката со
поставен филтер и сад за прашина.
Ако заборавите да го ставите садот за
прашина или го ставите неправилно,
капакот на правосмукалката веројатно нема
да се затвори правилно.
1. Откако ќе го извадите цревото, кренете
ја рачката на садот за да го отклучите
механизмот за затворање.
2. Кренете го сдот заедно со филтерот.
3. Извадете го садот од апаратот и
испразнете го со стегање на заштитата
на садот за да се отвори.
4. Испразнете го садот и затворете го.
5. Вратете го садот во
правосмукалката.
3. Чистење и менување на
влезниот сунѓерест филтер (кога
се користи ќеса за прашина)
Влезниот сунѓерест филтер со рамка се
користи само кога се користи
правосмукалката со ќеса (кога се користи
циклонски сад, извадете го овој филтер).
Филтерот треба да се исчисти или
замени најмалку двапати годишно или
ако е видливо истрошен.
Секогаш користете ја правосмукалката со
поставен сад и сите филтри.
Правосмукалката може да се оштети ако
се користи без сите филтри.
Секогаш исклучувајте ја праосмукалката
од струја пред да го отворите садот за
филтрирање.
1. Извлечете ја ќесичката за прашина
нагоре.
2. Извлечете ја рамката на филтерот
нагоре.
3. Извадете го филтерот.
4. Ставете нов или исчистен филтер
обратно.

Содержание

Похожие устройства

Скачать