Zanussi ZGO62414BA [29/72] Општа безбедност

Zanussi ZGO62414BA [29/72] Општа безбедност
Општа безбедност
Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат за
време на употребата. Не допирајте ги грејните елементи.
Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер или со
посебен систем за далечинско управување.
Готвењето на плотна со маст или масло без надзор може
да биде опасно и да доведе до пожар.
Никогаш не
гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак или
специјално противпожарно ќебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Не користете чистач на пареа за чистење на уредот.
Металните предмети, како ножеви, виљушки, лажици и
капаци, не треба да се оставаат на
површината за готвење
бидејќи може да станат жешки.
Ако стакло-керамичката површина е напукната, исклучете
го апаратот за да ја избегнете можноста од струен удар.
Инструкции за безбедност
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Апаратот мора
да го монтира само квалификувано
лице.
Извадете ја целата амбалажа.
Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Одржувајте минимална оддалеченост од
другите апарати и делови.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици
.
Зачепете ги засечените површини со
заптивач за да спречите влагата да
предизвика надигнување.
Заштитете го дното на апаратот од
пареа и влага.
Не го монтирајте апаратот во близина
на врата или под прозорец. На овој
начин ќе спречите некој жежок сад за
готвење да падне од апаратот кога
вратата или прозорецот се отворени
.
Ако апаратот е монтиран над фиоки,
внимавајте просторот помеѓу дното на
апаратот и горната фиока да е доволен
за циркулација на воздух.
Дното на апаратот може да стане
жешко. Ви препорачуваме да монтирате
незапалива плоча за одделување под
апаратот за да спречите пристап до
дното.
29
www.zanussi.com

Содержание

Скачать