Bosch GO 2 — употреба и полнење на електрични алати: важни совети и упатства [84/200]

Превью страниц Страница 84 / 200
Bosch GO 2 [84/200] Ставање на алатот за вметнување
Македонски | 289
Монтажа
u Пред било каква интервенција на електричниот уред (на пр. одржување,
замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, ставете го
прекинувачот за правец на вртење во средна позиција. Случајното ставање во
употреба на електричниот алат може да резултира со повреда.
Полнење на батеријата (види сликаA)
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните
целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на приклучокот за мрежа
додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали
нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell
Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи
со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.
u По автоматското исклучување на електричниот алат не го притискајте
повторно копчето на вретеното. Батеријата може да се оштети.
u По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на
прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Приклучете го електричниот алат преку USB-кабел (9) на мрежниот напојувач (10).
Приказот за наполнетост на батеријата (6) го прикажува напредокот на полнењето.
За време на процесот на полнење, приказот трепка зелено. Батеријата е целосно
наполнета, доколку приказот непрекинато свети зелено.
За време на процесот на полнење се затоплува дршката на електричниот алат. Ова е
нормално.
При подолго некористење извадете го електричниот алат од струјното напојување.
Електричниот алат не може да се користи за време на процесот на полнење; тој не е
дефектен доколку не функционира за време на процесот на полнење.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Промена на алат
u Не користете двострани уметоци за одвртувачот, што се подолги од 25mm.
Ставање на алатот за вметнување
Вметнете го алатот за вметнување во внатрешната шестаголната глава на алатот за
прифат (2), додека не се вклопи.
Bosch Power Tools 1 609 92A 5MN | (12.02.2020)

Содержание

600

Научете како правилно да користите и полните електрични алати. Откријте важни совети за безбедност и одржување на батериите за оптимално функционирање.

Кешбек Менеджер
Случайные обсуждения