Stiga HPS 345 R [158/272] Македонски

Stiga HPS 345 R [158/272] Македонски
158 Македонски
3
БЕЗБЕДНОСНИ ПРАВИЛА/ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
3.1 БЕЗБЕДНОСНИ „НЕ СМЕЕ“
3.1.1
Внимание. НЕ дозволувајте им на децата да го користат уредот; надгледувајте
ги за да сте сигурни дека не си играат со него.
3.1.2
Внимание. Млазот со висок притисок може да биде многу опасен ако се
користи неправилно.
3.1.3
Внимание. НЕ користете го уредот со запаливи или отровни течности или
со какви било производи кои не се соодветни за правилна работа на
уредот. Забрането е користење на уредот во потенцијално запалива или
експлозивна атмосфера.
3.1.4
Внимание. РИЗИк Од екСПлОЗИЈА. НЕ користете го уредот за прскање
запаливи течности.
3.1.5
Внимание. НЕ насочувајте го млазот вода кон луѓе или животни.
3.1.6
Внимание. НЕ насочувајте го млазот вода кон самиот уред, електричните
делови или кон другата електрична опрема.
3.1.7
Внимание. НЕ користете го уредот додека има луѓе во неговиот опсег на
работа, освен ако не носат заштитна облека.
3.1.8
Внимание. НЕ насочувајте го млазот кон себе или кон други лица за чистење
на облеката или обувките.
3.1.9
Внимание. НЕ користете го уредот надвор додека врне дожд.
3.1.10
Внимание. НЕ дозволувајте им на децата, некомпетентни лица или на тие што
ги немаат прочитано и разбрано упатствата да го користат уредот.
3.1.11
Внимание. НЕ допирајте го електричниот приклучок и/или штекерот со
влажни раце.
3.1.12
Внимание. НЕ користете го уредот ако електричниот кабел е оштетен.
Ако електричниот кабел е оштетен, мора да го замените со помош на
производителот, еден од неговите овластени центри или со помош на
стручни лица за да ги избегнете безбедносните опасности.
3.1.13
Внимание. НЕ употребувајте го уредот доколку кабелот за напојување
или важните делови, како што се сигурносните уреди, цревата со висок
притисок или пиштолот, се оштетени.
3.1.14
Внимание. НЕ заглавувајте го чкрапецот во активна положба.

Содержание

Похожие устройства

Скачать