Stiga HPS 345 R [160/272] Македонски

Stiga HPS 345 R [160/272] Македонски
160 Македонски
3.2.5 Внимание. Стручно лице мора да ги инсталира моделите испорачани без
електричен приклучок.
3.2.6
Внимание. Користете само одобрени електрични продолжни кабли со
соодветен пресек на спроводниците.
3.2.7
Внимание. Секогаш исклучувајте го прекинувачот кога го оставате уредот
без надзор.
3.2.8
Внимание. Високиот притисок може да предизвика отскокнување на
деловите: мора да се носи целата заштитна облека (ППЕ) и опрема потребна
за обезбедување на операторот.
3.2.9
Внимание. Пред да направите некој зафат на уредот, ИСКЛУЧЕТЕ го
електричниот приклучок од мрежата.
3.2.10
Внимание. Пред притискање на чкрапецот, цврсто СТЕГНЕТЕ го пиштолот за
да се обезбедите од повратниот удар.
3.2.11
Внимание. ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО прописите на локалното претпријатие за
снабдување со вода. Според IEC 60335-2-79, уредот може да се приклучи кон
водоводна мрежа за вода за пиење само ако во доводното црево е вграден
неповратен вентил со можност за празнење во согласност со EN 12729 тип
BA. Неповратниот вентил може да го порачате од производителот.
3.2.12
Внимание. Водата што поминала низ неповратниот вентил се смета дека не
е добра за пиење.
3.2.13
Внимание. Одржувањето и/или поправката на електричните компоненти
МОРА да го извршува стручно лице.
3.2.14
Внимание. ОСЛОБОДЕТЕ го преостанатиот притисок пред одвојување на
цревото од уредот.
3.2.15
Внимание. Пред секоја употреба и во редовни временски интервали
ПРОВЕРУВАЈТЕ дали сите завртки се затегнати и дали има скршени или
истрошени делови.
3.2.16
Внимание. КОРИСТЕТЕ САМО детергенти кои нема да ги нагризат материјалите
од облогата на цревото со висок притисок/електричниот кабел.
3.2.17
Внимание. ОБЕЗБЕДЕТЕ сите луѓе и животни да бидат на растојание од
најмалку 16 јарди (15 m).

Содержание

Похожие устройства

Скачать