Bosch GSR 12 V-EC TE (06019E4002) — употреба и технички податоци за електричен апарат за зашрафување [119/163]

Превью страниц Страница 119 / 163
Bosch GSR 12 V-EC TE (06019E4002) [119/163] Употреба со соодветна намена
Македонски | 119
Bosch Power Tools 2 609 141 186 | (9.12.14)
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и
одвртување на шрафови.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Бит за одвртувач/зашрафувач*
2 Чаура за затворање на краеви
3 Чаура за подесување на граничникот за
зашрафување/одвртување
4 Граничник за зашрафување/одвртување
5 Прекинувач за менување на правецот на вртење
6 Копче за отклучување на батеријата
7 Батерија*
8 Рачка (изолирана површина на дршката)
9 Работно светло
10 Прекинувач за вклучување/исклучување
11 Универзален држа
ч за битови*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-2.
Измерените А-вредности на врева изнесуваат просечно:
Звучен притисок 74 дБ (А); Силина на звук 85 дБ (А).
Несигурност К=3дБ.
Носете звучна заштита!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
Зашрафување: a
h
<2,5m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може знач
ително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2009/125/EC
(одредба 1194/2012), 2011/65/EU, 2014/30/EU,
2006/42/EC вклучително нивните измени и е сообразен
со следните норми: EN 60745-1, EN 60745-2-2.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
15.12.2014
Батериски
одвртувач/зашрафувач
GSR 10,8 V-EC TE
Број на дел/артикл
3 601 JE4 0..
Номинален напон
волти=
10,8
Број на празни вртежи
min
-1
0 3000
Mакс. вртежен момент при
зашрафување во меки
материјали според ISO 5393
Nm 3
Прифат на алатот
¼" Внатрешна
шестаголна глава
Mакс. поле на Ø
мм 4,0
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01/2003 кг 0,9/1,1
*
Дозволена температура на
околината
–при полнење
–при работа
**
и при
складирање
°C
°C
0...+45
–20...+50
Препорачани батерии
GBA 10,8V...
Препорачани полначи
AL 11..
* во зависност од употребената батерија
** ограничена моќност на температури < 0 ° C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
OBJ_BUCH-2205-001.book Page 119 Tuesday, December 9, 2014 12:02 PM

Содержание

700

Откријте како правилно да користите електричен апарат за зашрафување и одвртување. Прочитајте за техничките спецификации, безбедносните мерки и опремата.