Stihl FSE 31 [271/280] Намалување на абењето и избегнување штети

Stihl FSE 31 [271/280] Намалување на абењето и избегнување штети
FSE 31, FSE 41
македонски
269
Со придржување кон одредниците во
ова упатство за употреба се намалува
прекумерното абење и оштетување
на уредот.
Употребата, одржувањето и
чувањето на уредот мора да биде
направено според описот во ова
упатство за употреба.
За сите штети настанати како
последица на непридржувањето кон
упатствата за безбедност, за
ракување и одржување, одговорноста
паѓа на самиот корисник. Ова особено
важи за:
вршење измени на производот
што STIHL не ги одобрил
употреба на алати и прибор што
не се одобрени за овој уред, не се
соодветни или се со низок
квалитет
ненеменска употреба на уредот
употреба на уредот при спортски
или натпреварувачки активности
штети што настануваат како
последица на користењето на
уредот со расипани составни
делови
Одржување
Сите работи што се наведени во
поглавјето „Совети за чување и
одржување“ мора да се изведуваат
редовно. Доколку самиот корисник не
може да ги изврши работите на
одржување на уредот, истите треба
да му ги препушти на специјализиран
продавач.
STIHL препорачува одржување и
поправки само преку специјализирани
продавачи на STIHL. На
специјализираните продавачи на
STIHL им се нудат редовни обуки и
достапни им се технички
информации.
Доколку тие работи се пропуштат или
се направат нестручно, може да дојде
до штети за кои е одговорен самиот
корисник. Меѓу другото, тука спаѓаат
и:
оштетувања на електромоторот
како последица од
неправовремено или недоволно
добро извршено одржување
(на пр. недоволно чистење на
отворите за воздух)
оштетувања поради погрешен
електричен приклучок (напон,
недоволна дебелина на
електричните водови)
корозија и други штети настанати
како последица на неправилно
чување
оштетувања на уредот што се
последица од употреба на
неквалитетни резервни делови
Потрошни делови
Некои делови на моторниот уред
подлежат на нормално абење и
покрај исправната употреба, па мора
правовремено да се заменат, во
зависност од начинот и должината на
употребата. Тука, меѓу другите
спаѓаат и:
алат за сечење
штитник
Намалување на абењето и
избегнување штети

Содержание