Stihl FSE 31 [258/280] Кон ова упатство за употреба

Stihl FSE 31 [258/280] Кон ова упатство за употреба
FSE 31, FSE 41
македонски
256
Сликовни ознаки
Сите сликовни ознаки што се наоѓаат
на уредот се објаснети во ова
упатство за употреба.
Ознаки пред делови од текст
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Предупредување поради опасност од
несреќи и повреди на лица, како и од
големи материјални штети.
УПАТСТВО
Предупредување поради оштетувања
на уредот или на делови од уредот.
Техничко усовршување
STIHL постојано ги усовршува сите
машини и уреди; од тие причини
мораме да го задржиме правото за
правење измени во обемот на
испораката, во вид на формата,
техниката и опременоста на уредите.
Од тие причини, од податоците и
илустрациите во ова упатство за
употреба не може да се изведат
никакви побарувања.
Запазете ги безбедносните прописи
специфични за секоја држава, како
на пр. од синдикалните и социјалните
здруженија, од службите за
безбедност на работа и други.
Ако првпат работите со уредот:
Побарајте од продавачот или од
друго стручно лице објаснување како
безбедно се ракува со уредот – или
учествувајте на стручен семинар.
Малолетни лица не смеат да работат
со уредот освен лица над 16 години,
обучувани под надзор.
Деца, животни и нестручни лица да се
држат подалеку од уредот.
Ако уредот не се користи, треба да
биде одложен безбедно – никој да не
биде загрозен. Чувајте го уредот
непристапен за нестручни лица,
извлечете го приклучникот за струја.
Корисникот на уредот е одговорен за
настанатите несреќни случаи со
други лица или врз туѓа сопственост.
Уредот смее да се дава или да се
изнајмува само на лица запознаени
со начинот на ракување со овој модел
– секогаш првин да им се даде
упатството за употреба.
Употребата на уреди што создаваат
бучава може да биде временски
ограничена како со државни, така и со
локални прописи.
Пред да почнете со работа, секогаш
проверете ја пропишаната состојба
на уредот. Особено внимавајте на
кабелот за струја, приклучникот за
струја и безбедносните механизми.
Кабелот за струја не смее да се
користи за влечење или
транспортирање на уредот.
Пред каква било интервенција на
уредот, на пр чистење, одржување,
замена на делови – извлечете го
приклучникот за струја!
Штитникот на уредот не може да го
заштити корисникот од сите предмети
(камења, стакло, жици итн.) што може
да ги отфрли алатот за сечење. Тие
предмети може да се одбијат и да го
погодат корисникот.
За чистење на уредот не смее да се
користи уред за чистење под висок
притисок. Силниот воден млаз може
да оштети делови на уредот.
Уредот не смее да се прска со вода.
Кон ова упатство за
употреба
Мерки за безбедност и
упатства за работа
При работа со овој уред
неопходни се додатни
мерки за безбедност,
бидејќи се работи со
електрична струја и со
многу висок број на
вртежи на алатот за
сечење.
Пред првото
користење, прочитајте
го внимателно целото
упатство за употреба и
чувајте го на сигурно
место за подоцнежна
употреба.
Непочитувањето на
упатствата може да
биде опасно по
животот.

Содержание