Stihl FSE 31 [263/280] Примена

Stihl FSE 31 [263/280] Примена
FSE 31, FSE 41
македонски
261
STIHL советува да се употребуваат
оригинални резервни делови на
STIHL. Со нивните карактеристики
тие се оптимални како за уредот, така
и за потребите на корисникот.
Моторниот уред не смее да се
менува, за да не се загрозува
безбедноста – опасност од несреќи!
Редовно контролирајте ја
беспрекорната изолација и староста
(кртоста) на кабелот и на
приклучникот за струја.
Електричните делови, како на пр.
кабелот, смеат да ги поправаат,
односно менуваат, исклучиво стручни
електричари.
Пластичните делови се чистат со
крпа. Агресивните средства за
чистење може да ја оштетат
пластиката.
Уредот не смее да се прска со вода.
Проверете ја затегнатоста на
завртките за прицврстување на
штитниците и на алатот за сечење и
по потреба затегнете ги.
По потреба исчистете ги отворите за
воздух за ладење на куќиштето на
моторот.
Чувајте го уредот на безбедно место
и во сува просторија.
Косење
N држете го уредот со двете раце –
десната рака на командната
рачка (1) – левата рака на
полукружната рачка (2)
N застанете исправено – држете го
уредот опуштено и секогаш од
десната страна на телото
N алатот за сечење не смее да го
допира тлото, ниту други
предмети
N движете го уредот рамномерно,
главата за косење треба да биде
наведната за 20 - 30° нанапред
N висината на косењето е одредена
со растојанието на конецот за
косење од површината што се
коси
N ако е можно, косете со левата
страна деловите од растенијата
и камењата ќе бидат отфрлени од
корисникот
N избегнувајте допир со огради,
ѕидови, камења итн. – тоа
предизикува зголемено абење
Косење со пречки
За полесно косење под грмушки,
аголот меѓу телото и главата за
косење може да се регулира
(погледнете во „Штелување на аголот
за работа“).
Работа со отстојник (само FSE 41)
Отстојникот (1)
ја ограничува работната област
на конецот за косење
штити од оштетувања при косење
(на пр. кора од дрво) поради
конецот што ротира
точно го одредува растојанието
до земјата при сечење рабови
Примена
280BA001 KN
1
2
1
280BA002 KN

Содержание

Скачать
Случайные обсуждения

Ответы 0

Как снять голову?
5 лет назад

Ответы 0

Как заменить шпулю для лески
2 года назад

Ответы 1

Как снять катушку с лескай?
2 года назад