Stihl FSE 31 Инструкция по эксплуатации онлайн [262/280] 70853

Stihl FSE 31 Инструкция по эксплуатации онлайн [262/280] 70853
FSE 31, FSE 41
македонски
260
Работете мирно и промислено само
при добра осветленост и видливост.
Работете внимателно, не
загрозувајте други лица.
На непрегледно, густо обраснато
земјиште работете особено
внимателно.
Алатот за сечење треба да се
проверува редовно, во куси
интервали, а при видливи промени
веднаш:
исклучете го уредот, држете го
цврсто, сопрете го алатот за
сечење допирајќи го тлото и
извлечете го приклучникот за
струја
проверете ги состојбата и
стабилноста, внимавајте на
пукнатините
неисправните алати за сечење
заменете ги веднаш, исто и при
мали пукнатини
лежиштето на алатот за сечење
чистете го редовно од трева и
остатоци од грмушки –
отстранете ги насобраните
купчиња во областа на алатот за
сечење и штитникот
При замена на алатот за сечење,
исклучете го уредот и извлечете го
приклучникот за струја. При несакано
придвижување на моторот опасност
од повреди!
Оштетени или напукнати алати за
сечење не треба понатаму да се
користат ниту да се поправаат, на
пример со швајсување или
исправање – изменет облик
(неврамнотеженост).
Искршени честички или парчиња
може да го погодат корисникот или
други лица со голема брзина –
опасност од најтешки повреди!
Употребувајте само штитник со
исправно вграден нож, за да се
ограничи конецот за косење на
дозволената должина.
Избегнувајте допир со ножот –
опасност од повреди!
При рачно местење на должината на
конецот, задолжително исклучете го
уредот и извлечете го приклучникот
за струја – опасност од повреди!
Неправилното користење со предолг
конец за косење го намалува
работниот број вртежи на моторот.
Тоа доведува до прегрејување и
оштетување на моторот.
Конецот за косење не смее да се
замени со метална жица – опасност
од повреди!
Доколку уредот бил изложен на
непрописна употреба (на пр. бил
удрен или паднал), исправноста на
уредот треба веднаш да се провери
пред повторната употреба –
погледнете под „Пред да се почне со
работа“. Особено проверувајте ја
функционалноста на безбедносните
механизми. Никогаш не користете
уреди што веќе не се безбедни за
употреба. Доколку не сте сигурни –
прашајте специјализиран продавач.
Пред да се одложи уредот: исклучете
го уредот – извлечете го
приклучникот за струја.
Вибрации
Овој уред се карактеризира со слабо
вибрациско оптоварување на рацете.
Сепак, на корисникот му се советува
медицинско испитување, доколку во
даден случај се јави сомнеж дека има
проблем со циркулацијата на рацете
(на пр. трнење на прстите).
Одржување и поправка
Пред каква било интервенција на
уредот, исклучете го и извлечете го
приклучникот за струја. При
ненемерно проработување на
моторот – опасност од повреди!
Одржувајте го моторниот уред
редовно. Извршувајте ги
одржувањето и поправките како што е
опишано во упатството за употреба.
Сите останати интервенции треба да
ги врши специјализиран продавач.
STIHL препорачува одржување и
поправки само преку специјализирани
продавачи на STIHL. На
специјализираните продавачи на
STIHL им се нудат редовни обуки и
достапни им се технички
информации.
Употребувајте само
висококвалитетни резервни делови.
Во спротивно, постои опасност од
повреди или оштетувања на уредот.
За сите прашања во врска со тоа
побарајте совет од специјализиран
продавач.

Содержание