Stihl FSE 31 Инструкция по эксплуатации онлайн [261/280] 70853

Stihl FSE 31 Инструкция по эксплуатации онлайн [261/280] 70853
FSE 31, FSE 41
македонски
259
при заплеткани кабли извлечете
го приклучникот за струја и
отплеткајте ги каблите
задолжително избегнувајте допир
со алат за сечење што се врти
намотката на продолжниот кабел
одмотајте ја секогаш докрај, за да
се избегне опасноста од пожар
поради прегрејување
Држење и управување со уредот
Уредот секогаш држете го цврсто со
двете раце за држачите. Секогаш
стојте цврсто и стабилно.
Држете го уредот секогаш од десната
страна на телото.
Левата рака на полукружната рачка,
десната рака на командната рачка –
исто и за левораки лица.
За време на работата
Не оштетувајте го кабелот со газење,
притискање, истегнување и сл.
Не извлекувајте го приклучникот за
струја од штекер со влечење на
кабелот, туку секогаш држејќи го
приклучникот.
Приклучникот и кабелот за струја
смеат да се допираат само со суви
раце.
Не прскајте го уредот со вода –
опасност од краток спој!
Не оставајте го уредот да стои на
дожд.
При опасност или во случај на
неволја, веднаш исклучете го уредот
– отпуштете ги прекинувачот и
сопирачката на прекинувачот.
Уредот го опслужува само едно лице
– не дозволувајте присуство на
ниедно друго лице во работната зона.
Во радиус од 15 m не смее да стои
ниедно друго лице – поради
одбиените предмети постои опасност
од повреди! Истото растојание треба
да се држи и во однос на предмети
(возила, прозорци) – опасност од
оштетување на предмети!
Никогаш не работете без соодветен
штитник за уредот и за алатот за
сечење – поради отфрлените
предмети – опасност од повреди!
Не косете мокра трева.
Внимавајте на наклони, нерамно
земјиште итн. – опасност од
слизнување!
Кабелот за струја секогаш треба да
биде зад уредот не одете наназад
опасност од сопнување!
Внимавајте на пречки: пенушки и
корења – опасност од сопнување!
Работете секогаш стоејќи на земја,
никогаш на нестабилни подлоги,
никогаш качени на скала или на
скеле.
При употреба на средства за заштита
на слухот потребно е зголемено
внимание бидејќи е намалена
способноста за забележување звуци
што би можеле да укажуваат на
опасност (повици, сигнали и др.).
Благовремено правете паузи, за да се
намалат заморот и изнемоштеноста
опасност од несреќи!
При оштетување на
кабелот за струја,
веднаш извлечете го
приклучникот за струја
опасност по живот од
струен удар!
280BA020 KN
Со уредот не смее да се
работи на дожд или во
мокра или многу влажна
околина – погонскиот
мотор не е водоотпорен
опасност од струен
удар или краток спој!
15m (50ft)
Проверете го
земјиштето: цврстите
предмети – камења,
метални делови и сл.
може да бидат
отфрлени опасност од
повреди! – а понатаму
може да го оштетат
алатот за сечење како и
други предмети (на пр.
паркирани возила,
прозорци)
материјална штета.

Содержание