Stihl FSE 31 Инструкция по эксплуатации онлайн [260/280] 70853

Stihl FSE 31 Инструкция по эксплуатации онлайн [260/280] 70853
FSE 31, FSE 41
македонски
258
Пред да се почне со работа
Проверка на уредот
Проверете го уредот во смисла на
безбедноста при работа запазете ги
соодветните поглавја во упатството
за употреба:
прекинувачот мора да биде лесно
подвижен – кога ќе биде
отпуштен, прекинувачот мора да
се врати во почетната положба
комбинацијата на алат за сечење,
штитник и рачка за држење мора
да е дозволена за употреба и
сите делови мора да се
беспрекорно монтирани. Не
употребувајте метални алати за
сечење – опасност од повреди!
проверете ги исправната
монтажа, стабилната положба и
беспрекорната состојба на алатот
за сечење
системите за заштита (на пр.
штитникот на алатот за сечење)
да се проверат да не се оштетени
или истрошени. Заменете ги
оштетените делови. Уредот не
смее да се користи со оштетен
штитник
рачките за држење секогаш да се
чисти и суви, без нечистотија на
нив – за да може сигурно да се
ракува со уредот
рачката за држење да се намести
соодветно на големината на
телото
Уредот смее да се користи само во
состојба за безбедна употреба –
опасност од несреќи!
Уредот смее да се користи само ако
сите составни делови се неоштетени
и цврсто монтирани.
Не вршете никакви измени на
командните и на безбедносните
механизми
При вклучување на уредот, алатот за
сечење не смее да го допира тлото,
ниту други предмети.
Електричен приклучок
Намалување на опасноста од струен
удар:
напонот и фреквенцијата на
уредот (погледнете на типската
плочка) мора да одговараат на
напонот и фреквенцијата на
електричната мрежа
кабелот за струја, приклучникот
за струја и продолжниот кабел да
се проверат да не се оштетени.
Не употребувајте оштетени
проводници, спојки и приклучници
или кабли за струја што не
одговараат на прописите
приклучникот за струја е
приклучен во прописно
инсталиран штекер
беспрекорна изолација на
кабелот за струја, продолжниот
кабел, приклучникот и спојката
приклучникот, кабелот,
продолжниот кабел како и
електричните спојки не смеат да
се допираат со мокри раце
користениот продолжен кабел
мора да биде според прописите и
соодветен за конкретната намена
Кабелот и продолжниот кабел треба
исправно да се наместат:
внимавајте на минималните
напречни пресеци на
поединечните проводници –
погледнете под „Вклучување на
уредот во струја“
кабелот треба да се положи и
означи така што никој нема да
може да го оштети или да биде
загрозен од него – опасност од
сопнување!
користењето несоодветни
продолжни кабли може да биде
опасно. Користете само
продолжни кабли што се
дозволени за употреба на
отворено и се соодветно
означени, а имаат доволно голем
напречен пресек на
проводниците
приклучникот и спојката на
продолжниот кабел мора да се
непропустливи за вода и не смеат
да лежат во вода
да не се дозволи триење од
рабови, шпицести или остри
предмети
ниту притискање со врати или
прозорци
Избегнувајте допир со
алатот за сечење –
опасност од повреди!
Алатот за сечење се
движи уште кусо време
откако ќе се исклучи
уредот – ефект на
последователно
движење!

Содержание