Stihl FSE 31 Инструкция по эксплуатации онлайн [259/280] 70853

Stihl FSE 31 Инструкция по эксплуатации онлайн [259/280] 70853
FSE 31, FSE 41
македонски
257
Физичка способност
Лицето што работи со уредот мора да
биде одморено, здраво и во добра
психичка состојба.
Лицата што не смеат да се напрегаат
од здравствени причини треба да го
прашаат својот лекар дали смеат да
работат со овој уред.
По конзумирање алкохол, лекови што
негативно влијаат врз способноста за
реагирање или дрога, не смее да се
работи со уредот.
Прибор и резервни делови
Употребувајте само алати за сечење
и прибор што STIHL ги одобрува за
овој уред или технички истоветни
делови. За сите прашања во врска со
тоа побарајте совет од
специјализиран продавач.
Употребувајте само
висококвалитетни алати и прибор. Во
спротивно постои опасност од
повреди или оштетувања на уредот.
STIHL препорачува употреба на
оригиналните алати и прибор од
STIHL. Со нивните карактеристики
тие се оптимални како за уредот, така
и за потребите на корисникот.
Не вршете промени на уредот со тоа
се загрозува безбедноста. За штети
врз лица и предмети што се јавуваат
при користење недозволени алати за
надоградба, STIHL е ослободен од
секаква одговорност.
Области на употреба
Во зависност од намената на алатите
за сечење, уредот смее да се
употребува само за косење трева
како и за сечење плевел и слично.
Употребата на уредот за други цели
не е дозволена и може да доведе до
повреди или оштетувања на уредот.
Производот не смее да се менува – и
тоа може да доведе до повреди и
оштетувања на уредот.
Облека и заштитни средства
Носете прописна облека и заштитни
средства.
Не носете облека што може да се
заплетка во дрво, грмушки или во
подвижните делови на уредот. Не
носете шал, вратоврска или накит.
Соберете ја долгата коса (под
шамија, капа, шлем и сл.).
Заштитата за лицето не е доволна
заштита за очите.
Носете „лична“ заштита од бучава,
на пр. заштитни тампони.
STIHL нуди широк асортиман на
прибор за лична заштита.
Транспортирање на уредот
Уредот секогаш да се исклучи и да се
извлече приклучникот за струја.
При превоз во возила: Обезбедете го
уредот од превртување и
оштетување.
Облеката мора да биде
соодветна и не смее да
пречи во работата.
Носете облека што е
добро припиена до
телото – работен
комбинезон, а не
работен мантил.
Носете заштитни чевли
со изрецкан ѓон што не
се лизга.
Носете заштита за лице
и задолжително
заштитни очила –
опасност од одбиени
или отфрлени
предмети.
Носете заштитни
ракавици.

Содержание