Philips Sonicare Prestige 9900 HX9992/12 [504/592] Brushpacer

Philips Sonicare Prestige 9900 HX9992/12 [504/592] Brushpacer
504
Македонски
BrushPacer
1
2
3
4
5
6
BrushPacer го дели времето на четкање на шест
еднакви сегменти и означува кога треба да
преместите на следната област. Сегментите се
назначуваат со кратка пауза во вибрациите.
Четката за заби автоматски застанува на крајот од
сесијата за четкање.
Забелешка: Може да се додадат дополнителни
сегменти кога го користите режимот White+ или
Gum Health. Погледнете ја апликацијата Sonicare за
описи на режимите.
Потсетник за замена на глава на четка
Четката за заби Sonicare ќе го следи абењето на
паметната глава за четка, користејќи ја
технологијата BrushSync за мерење:
- Вкупниот притисок што го применувате додека
четкате
- Вкупното време на четкање со главата на
четката
Штом главата на четката веќе нема да биде
ефикасна, индикаторското светло за потсетување
за замена на главата ќе трепка портокалово и
рачката ќе направи серија звучни сигнали и
тонови за да означи дека е време да ја замените
главата.
Забелешка: потсетникот за замена на главата на
четката е активиран на вашиот производ. За да ја
деактивирате оваа функција, погледнете во
„Активирање или деактивирање на функциите“.
Активирање или деактивирање на функциите
Можете да ги активирате или деактивирате
следниве функции на вашата четка за заби:
- Адаптивен интензитет
- Повратни информации на сензорот за притисок
- Повратни информации за триење
- Потсетник за замена на глава на четка

Содержание

Похожие устройства

Скачать