Bosch UniversalHedgeCut 60 (06008C0700) [135/191] Ракување

Bosch UniversalHedgeCut 60 (06008C0700) [135/191] Ракување
Македонски | 135
3 600 HC0 500 3 600 HC0 700 3 600 HC0 800 3 600 HC0 900
Несигурност K m/s
2
1,5 1,5 1,5 1,5
Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е
измеренo со нормирана постапка за мерење и може да
се користи за меѓусебна споредба на електрични алати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена
на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може
да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Ракување
u Внимавајте на електричниот напон! Волтажата
прикажана на натписната плочка мора да биде иста со
волтажата на електричната мрежа.
Вклучување и исклучување (видете ги
сликите C и D)
За вклучување притиснете го прво клучот за вклучување
(3) и држете го притиснат. Потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете
го притиснат.
За исклучување ослободете го клучот за вклучување (3)
и потоа пуштете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) .
Функција на сечилото
Иако отворите на запците се дозволени за гранки со
Ø20mm, овозможено е врвот на запците да биде сече до
Ø25mm.
Работа со ножиците за кастрење (види сликa
E)
Рамномерно движете ги ножиците во правецот на
сечење. Двостраните сечила овозможуваат косење во
двете насоки или со цик-цак движења.
Прво кастрете ги страните на оградата, а потоа горниот
раб.
За да добиете прави страни, препорачуваме косење во
правецот а растење оддолу нагоре. Ако косите одгоре
надолу, ги мрдате тенките гранки нанадвор, па можат да
се јават дупки или длапки.
За на крај и горниот раб да го искосите рамномерно,
затегнете по целата должина на оградата конец на
саканата висина.
Внимавајте да не пресечете други предмети, како на
пример жици. Може да се оштети сечилото или моторот
на уредот.
Отстранување грешки
Симптом Можна причина Помош
Ножиците не работат Нема снабдување со струја Проверете и вклучете
Утикачот е неисправен Користете друг утикач
Струјниот кабел е оштетен Проверете го струјниот кабел и, ако е оштетен.
обратете се во Службата за корисници
Продолжниот кабел е оштетен Проверете го продолжниот кабел и ако е
оштетен, заменете го
Прегорен осигурувач Заменете го осигурувачот
Машината работи со
прекини
Неисправни внатрешни инсталации во уредот Побарајте помош од сервис
Прекинувачот е расипан Побарајте помош од сервис
Bosch Power Tools F 016 L81 787 | (16.08.2019)

Содержание

Похожие устройства

Скачать