Bosch Universal GardenTidy (06008B1000) [207/303] Електрична безбедност

Bosch Universal GardenTidy (06008B1000) [207/303] Електрична безбедност
Македонски | 207
промена на јачината на струјата од
30mA.
u Со овој апарат употребувајте само
кабли кои се одобрени според
спецификациите од
произведувачот. Обратете се во
Сервисниот центар за тоа.
u Ниикогаш не допирајте го утикачот
со мокри раце.
u Не газете ги, не превиткувајте ги и
не тегнете ги напојниот или
продолжниот кабел, бидејќи на тој
начин можат да се оштетат.
Заштитете го кабелот од топлина,
масло и оштри рабови.
u Користениот продолжен кабел
мора да биде водоотпорен и со
соодветен пресек односно
дебелина. Врската не смее да се
наоѓа во вода.
Електрична безбедност
Предупредување! Пред
секое одржување или
чистење на производот,
згаснете го и исклучете го од
напојување. Истото важи и ако
кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
u Монтиран штитник на моторот!
Моторот е опремен со заштита
од преоптоварување. Ако
моторот престане со работа,
згаснете го и оставете го неколку
минути да се олади пред
повторно да го вклучите.
u Веднаш исклучете го кабелот од
напојување доколку се оштети
при работата. НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО
ОШТЕТЕНИОТ КАБЕЛ ПРЕД ДА
ГО ИСКЛУЧИТЕ ОД
НАПОЈУВАЊЕ.
Вашиот уред е со двојна изолација и
не му е потребно заземјување.
Работниот напон е 230VAC, 50Hz
(за земји вон ЕУ 220V или 240V).
Употребувајте само одобрени
продолжни кабли. За подетални
информации обратете се во Вашиот
Бош сервис.
За подобра безбедност користете
резидуален уред (РЦД) кој се
активира на отстапување од 30mA.
Резидуалниот уред треба да се
проверува пред секоја употреба.
Чувајте го напојниот и продолжниот
кабел понастрана од подвижните
делови, за да се избегне оштетување
на кабелот и негов контакт со
металните делови.
Кабелските врски (приклучник и
приклучница) треба да бидат суви и
да не лежат на теренот.
Напојниот и продолжниот кабел
мора редовно да се проверуваат за
евентуални оштетувања и да се
користат само кога се во
беспрекорна состојба.
Ако напојниот кабел е оштетен, мора
да се поправи од страна на овластен
сервис на Бош. Употребете само
одобрен продолжен кабел.
Bosch Power Tools F 016 L94 042 | (17.09.2020)

Содержание

Похожие устройства

Скачать