Bosch GLI PocketLED (0601437V00) без акк. и з.у [140/197] Монтажа

Bosch GLI Pocket LED (0601437V00) [140/197] Монтажа
140 | Македонски
1 609 92A 10P | (1.4.15) Bosch Power Tools
Монтажа
Полнење на батеријата (опрема) (види слика A)
Користете ги само полначите што се наведени на страницата со опрема.
Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашата батериска светилка.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните
целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали
нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на ќелиите (ECP)“
од длабинско празнење. Доколку батеријата е испразнета, батериските светилки
се исклучуваат со заштитен прекинувач.
По автоматското исклучување на батериската светилка, не притискајте
на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За вадење на батеријата 3 притиснете го копчето за отклучување 4 и извлечете ја
батеријата наназад од батериската светилка. Притоа не употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Наполнетата батерија 3 вметнете ја во дршката, додека не се вклопи и не легне
рамно во дршката.
Вклучување/исклучување
Батериските светилки создаваат зрак светлина, која излегува од главата
на светилката 1.
За ставање во употреба на батериската светилка, притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување 2.
За да ја исклучите, батериската светилка, одново притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 2.
За да заштедите енергија, вклучувајте ја батериската светилка само доколку ја
користите.
OBJ_BUCH-2353-001.book Page 140 Wednesday, April 1, 2015 8:14 AM

Содержание

Похожие устройства

Скачать