Bosch GGS 18V-23 LC (0601229100) без акк. и з.у [194/279] Дополнителни безбедносни напомени

Bosch GGS 18V-23 LC (0601229100) [194/279] Дополнителни безбедносни напомени
194 | Македонски
1 609 92A 470 | (26.10.2018) Bosch Power Tools
пресече цевки за гас или вода, електрични жици или
предмети коишто може да предизвикаат одбивање.
Дополнителни безбедносни напомени
u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
u При оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
u Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
u Користете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Инаку, постои
опасност од експлозија.
u Внимание! При користењето на електричниот алат
со Bluetooth
®
може да настанат пречки на другите
уреди и системи, авиони и медицински апарати (на
пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто
така не може целосно да се исклучи можноста за
повреда на луѓе и животни во непосредна околина.
Не го користете мерниот уред со Bluetooth
®
во
близина на медицински уреди, бензински пумпи,
хемиски уреди, области со опасност од експлозија
и во близина на мински полиња. Не го користете
електричниот алат со Bluetooth
®
во авиони.
Избегнувајте долготрајна употреба во директна
близина на телото.
Ознаката со зборови Bluetooth
®
-како и сликите
(логоата) се регистрирани трговски марки и
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на
оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца
преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за брусење и отстранување
на остатоци од метал со корундни брусни тела, како и за
работење со алати со брусна лента, за брусење со брусна
хартија, како и за глодање.
Податоците и подесувањата на електричниот алат може
да се пренесат при активиран Bluetooth
®
Low Energy
Module GCY30-4 со помош на Bluetooth
®
-далечинската
технологија меѓу електричниот алат и мобилниот уред.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Затегнувачка чаура
(2)
Затезна навртка
(3)
Брусно вретено
(4)
Грло на вретеното (изолирана рачка)
(5)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(6)
Копче за отклучување на батерија
A)
(7)
Батерија
A)
(8)
Рачка (изолирана површина на рачката)
(9)
Капак Bluetooth® Low Energy Module GCY30-4
A)
(10)
Копче за приказот за наполнетост (GBA 18V...)
A)
(11)
Приказ за наполнетост на батеријата (GBA 18V...)
A)
(12)
Вилушкаст клуч на брусното вретено
A)
(13)
Копче за приказот за наполнетост
GBA18V6.3/7.0Ah
A)
(14)
Копче за приказот за наполнетост на батеријата
GBA18V6.3/7.0Ah
A)
(15)
Вилушкаст клуч на затезната навртка
A)
(16)
Внатрешни димензии на држачот L
0
(17)
Лост за отклучување за прекинувачот за
вклучување/исклучување (GGS18V-23PLC)
A)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Рамна брусилка GGS 18V- 23 LC GGS 18V- 23 PLC
Број на дел/артикл
3601 B291.. 3601 B292..

Содержание

Похожие устройства

Скачать