Bosch GGS 18V-23 LC (0601229100) без акк. и з.у [196/279] Монтажа

Bosch GGS 18V-23 LC (0601229100) без акк. и з.у [196/279] Монтажа
196 | Македонски
1 609 92A 470 | (26.10.2018) Bosch Power Tools
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Поставување на
Bluetooth
®
Low Energy Module
GCY 30-4
Напомена: Кај електрични алати GGS18V-23LC
достапен е Bluetooth
®
Low Energy Module GCY30-4 како
опрема.
За информации за Bluetooth
®
Low Energy Module
GCY30-4 прочитајте го соодветното упатство за
употреба.
Полнење на батеријата
u Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие уреди за полнење
се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (7) има два степени на блокирање, што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата (6).
Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
За вадење на батеријата (7) притиснете на копчињата за
отклучување (6) и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата (тип на
батерија GBA18V...) (види слика A)
Трите зелени LED светилки на приказот за наполнетост на
батеријата (11) ја покажуваат состојбата на наполнетост
на батеријата (7). Од безбедносни причини,
наполнетоста на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето (10), за да се прикаже
наполнетоста на батеријата. Ова исто така е возможно и
со извадена батерија (7).
LED-светилки Капацитет
Трајно светло 3 x зелено ≥ 2/3
Трајно светло 2 x зелено ≥ 1/3
Трајно светло 1 x зелено < 1/3
Трепкаво светло 3 x зелено Резерва
Доколку по притискањето на копчето (10) не свети LED
светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Приказ за наполнетост на батеријата (тип на
батерија GBA18V6.3Ah/GBA18V7.0Ah)
(види слика B)
Петте зелени LED светилки на приказот за наполнетоста
на батеријата (14) ја покажуваат наполнетоста на
батеријата. Од безбедносни причини, наполнетоста на
батеријата може да ја проверите само доколку
електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето (13), за да се прикаже
наполнетоста на батеријата. Ова исто така е возможно и
со извадена батерија.
LED-светилки Капацитет
Трајно светло 5 x зелено > 80 – 100 %
Трајно светло 4 x зелено > 60 – ≤ 80%
Трајно светло 3 x зелено > 40 – ≤ 60%
Трајно светло 2 x зелено > 20 – ≤ 40%
Трајно светло 1 x зелено > 0 – ≤ 20%
Трепкаво светло 1 x зелено 0%
Доколку по притискањето на копчето (14) не свети некоја
LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Монтирање на брусни алати (види слика C)

Содержание

Похожие устройства

Скачать