Bosch EasyImpact 600 (0603133020) [58/93] Всисување на прав струготини

Bosch EasyImpact 600 (0603133020) [58/93] Всисување на прав струготини
58 | Македонски
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка (види слика A)
u Користете го вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (9).
Дополнителната рачка (9) може да ја подесите во 12
позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (9) во
правец на вртење и притиснете ја дополнителната
рачка (9) нанапред, додека не се навали во соодветната
позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната
рачка (9) наназад и свртете го долниот дел на рачката во
правец на вртење и затегнете го.
Подесување на длабочината на дупчење (види
сликаA)
Со граничникот за длабочина (10) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (9) во
правец спротивен на стрелките на часовникот и
поставете го граничникот за длабочина (10).
Извлечете го граничникот за длабочина(10) до степен
што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина(10) ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Потоа повторно зацврстете го долниот дел на
дополнителната рачка (9) во правец на стрелките од
часовникот.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (10)
мора да покажува надолу.
Промена на алат
u При менување на алатот носете заштитни ракавици.
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Запчеста глава за дупчење (види сликаC)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење(4)
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење(14)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за
дупчење(4) и рамномерно затегнете го алатот.
Брзозатегнувачка глава за дупчење (види сликаB)
Држете ја цврсто задната чаура (2) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (3) и свртете ја
предната чаура (1) во правец на вртење , додека не се
вметне алатот. Вметнете го алатот.
Цврсто држете ја задната чаура(2) на
брзозатегнувачката глава за дупчење(3) и рачно
затегнете ја предната чаура(1) во правец на вртење.
Алати за зашрафување
При користење на битови за одвртувачот (12) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (13).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот
„Дупчење/ударно дупчење“ (5) на ознаката „Дупчење“.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
u Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Менување на главата за дупчење
u Кај електричните алати без заклучување на вретеното
за дупчење, главата за дупчење мора да биде заменета
од страна на овластена сервисна служба за
електрични алатиBosch.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена
со вртежен момент од околу 30 – 35Nm.
Употреба
Совети при работењето
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u Електричниот алат ставете го на навртката/
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
1 609 92A 5Y5 | (26.11.2020) Bosch Power Tools

Содержание

Похожие устройства

Скачать