Skil 2321 AS [115/132] Употреба

Skil 2321 AR [115/132] Употреба
115
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
При промена на приборот, пренесување или
прибирање на алатот, задолжително поставете го
прекинувачот E 2 во средна позиција (заклучено)
ПОЛНЕЊЕ/АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
Батеријата полнете ја исклучиво со испорачаниот
полнач
Не ги допирајте контактите во полначот
Никогаш не ги изложувајте на дожд апаратот/
полначот/батеријата
Не полнете ја батеријата на влажни или мокри места
Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C и
повисока од 0°C
Оштетените полначи не ги пуштајте во работа; за таа
цел треба да се предаде апаратот и полначот во
овластениот SKIL сервис
Полначот не треба понатаму да се користи ако е
оштетен кабелот или приклучникот, туку веднаш да
се замени кабелот во овластен SKIL сервис или
мрежната приклучница
Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку веднаш да се замени
Никогаш не ги расклопувајте ниту заменувајте
полначот или батеријата
Не се обидувајте со полначот да ги полните
батериите што не се предвидени за полнење
Доколку не го користете уредот подолго време,
извлечете го мрежниот приклучок на полначот од
приклучницата
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА ПОЛНАЧОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Користете го полначот само во затворен
простор
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
6 Во допир со оган батериите ќе експлодираат,
затоа не ги палете батериите од која било
причина
7 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/
батеријата во просторија на температура
пониска од 50°C
8 Не го фрлајте полначот во домашниот отпад
9 Не ја фрлајте батеријата во домашниот отпад
УПОТРЕБА
Вклучено/Исклучено 0
Закочување на прекинувачот за лесен старт !
Полнење на акумулаторска батерија @
- полначот приклучете го на мрежен напон како на
илустрацијата
- ќе се запали зелената лампичка B покажувајќи
дека полначот е подготвен за работа @a
- батеријата ставете ја во полначот како на
илустрацијата @b
- зелената светилка B ќе трепка што посочува дека
батеријата се полни @b
- по околу 1 час, батеријата ќе се наполни докрај и
зелената светилка B ќе свети постојано по
трепкањето @c
! откако батеријата ќе се наполни треба да се
извади од полначот, со што се продолжува
векот на траење на батеријата
ВАЖНО:
- ако зелената светилка B не трепка откако ќе се
вметне батеријата, тоа значи:
1) дека батеријата е премногу студена или
премногу врела (полначот полни само батерии
кога нивната температура е меѓу 0° C и 45° C)
2) дека батеријата треба да се смени
- литиум-јонската батеријата може да се полни во
кое било време (прекинувањето на процесот на
полнење не ја оштетува батеријата)
- литиум-јонската батерија не мора да биде празна
пред да се полни (нема „ефект врз долготрајноста„
како кај никел-кадмиумските батерии)
- при полнење полначот и батеријата се загреваат;
тоа е нормално и не претставува никаков проблем
- надворешните површини на батеријата треба да
бидат суви и чисти, пред да се стави батеријата во
полначот
- батеријата не смее да се вади во текот на
работата на апаратот
- значително намалениот период на работа по
полнењето посочува дека батеријата е стара и
треба да се замени
Промена на насоката на ротација #
- ако левата/десната позиција не легнат како што
треба, прекинувачот A 2 нема да може да стартува
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
Замена на бургиите за дупчење $
- вметнете ја бургијата најдлабоко што можете во
држачот
- користете бургии на зашрафување во комбинација
со држач за бургии
! не употребувајте бургии со оштетена дршка
! употребувајте само остри бургии
Контрола на вртежниот момент (VariTorque) %
- излезниот обрт ќе се зголемува ако прстенот на
активаторот C се врти од 1 кон 19; позицијата D ќе
го заклучи активаторот за да се овозможи
дупчење или извршување тешки работи
-
при завртување на некоја завртка најпрво започнете
со положбата 1(VariTorque) и потоа полека
зголемувајте до достигнување на саканата длабочина
Светло F ^
Светилката F се вклучува автоматски кога ќе го
активирате прекинувачот A 2
Заштита на батеријата
Го исклучува алатот автоматски кога
1) оптоварувањето е преголемо
2) температурата на батеријата не е во дозволениот
опсег за температура од -10 до +60° C
3) литиум-јонската батерија е скоро празна (за да ја
заштити од целосно празнење)
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот ќе се исклучи автоматски;
батеријата ќе се оштети

Содержание

Скачать