Rovus VC889RS [70/104] Внимание секогаш исклучете ја правосмукалката кога ја оставате во вертикална положба затоа што четката може да го оштети подот

Rovus VC889RS [70/104] Внимание секогаш исклучете ја правосмукалката кога ја оставате во вертикална положба затоа што четката може да го оштети подот
70
Вклучете го апаратот со притискање на копчето “Power” на рачката. Одберете помеѓу “Power” и “ECO” со притискање на копчето за брзина. “Power” обезбедува максимална всмукувачка моќ,
а “ECO” работи потивко.
ЗАБЕЛЕШКА:
1. Формирањето на пена внатре во резервоарот може да случи во текот на чистењето. Ова е нормално доколку станува збор за мала количина на вода која не го нарушува
функционирањето на правосмукалката.
2. Детергент, сапун, течности за белење не смеат да се ставаат во резервоарот.
СТОП
Исклучете го апаратот со повторно притискање на копчето “Power.
Доколку правите кратки паузи, правосмукалката може да се остави во вертикална положба малку навалена.
ЗАБЕЛЕШКА: Апаратот треба да биде поставен на рамна, нелизгачка подлога, пред да ја пуштите рачката.
ВНИМАНИЕ!
Секогаш исклучете ја правосмукалката кога ја оставате во вертикална положба
затоа што четката може да го оштети подот.
ИНДИКАТОРИ
Батеријата е полна – сината сијаличка е вклучена
Батеријата е по 20% - сината сијаличка светка
Батеријата е празна – црвената сијаличка светка
ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОТПАД
Променете ја водата кога ќе стане нечиста или по секоја употреба. Не ја користете правосмукалката подолг временски период без да ја смените водата. Доколку во текот на чистењето
водата се наполни со нечистотии, истурете ја и наполнете го резервоарот со чиста вода.
По употреба, веднаш испразнете го резервоарот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој производ е дизајниран само за домашна употреба.
Добавувачот не е одговорен за оштетувањата кои би се појавиле поради несоодветна
употреба на производот.
УПОТРЕБА НА РАЧНАТА ПРАВОСМУКАЛКА (види Слика 7)
Притиснете го копчето за ослободување на рачната правосмукалка. (Слика 7,8)
Наместете го рачниот дел на телото за склопување. Почекајте да го слушнете звукот “клик“ кој потврдува дека таа е прицврстена за телото. (Слика 7, 9)
Вклучете ја рачната правосмукалка со притискање на копчето “Power” на рачката.
Исклучете ја рачната правосмукалка со повторно притискање на копчето “Power”.
Секогаш исклучете ја правосмукалката пред да ја расклопувате или чистите.
ВНИМАНИЕ: Рачната правосмукалка не смее да се користи за собирање на вода или
течност.
ЗАБЕЛЕШКА: Се препорачува по секоја употреба да го празните контејнерот за нечистотии. Водете се според упатството во делот за Чистење и одржување.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Секогаш исклучете ја правосмукалката од струја пред да почнете со одржување.
РАЧНА ПРАВОСМУКАЛКА И ТЕЛО
Пребришете ја правосмукалката со сува и мека крпа.
Во случај да има потврдокорна нечистотија, пребришете со мека и мокра крпа со малку неутрално средство за чистење и потоа пребришете со сува крпа.
Не користете детергент или поагресивен раствор, или пак средства за чистење во спреј.
Веднаш исушете ја.
Откако ќе ја исчистите рачната правосмукалка, проверете дали има останато вода.
Рачна правосмукалка (види Слика 8)
По секоја употреба притиснете го копчето на конејнерот, извадете го контејнерот и испразнете го. (Слика 8)
Содржината од контејнерот истурете ја во корпа за отпадоци. (види Слика 9,10)
Излизгајте го надворешниот филтер од внатрешниот и потоа извадете го внатрешниот филтер со тоа што ќе го свртите куќиштето во правец спротивен на стрелките на часовникот.
(Слика 9,11) Како што е покажано подолу, измијте го надворешниот филтер со вода и оставете го убаво да се исцеди. (Слика 9,12)
Оставете ги филтрите убаво да се исушат пред да ги вратите на нивното место.
ЗАБЕЛЕШКА: Папушата на рачната правосмукалка, внатрешниот и надворешниот филтер не смеат да се ставаат во машина за садови. Тие се мијат само на рака.
ЧИСТЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ (види Слика 10)
1. Притиснете го копчето за ослободување на комората за да ја извадите.
2. Повлечете ја рачката од резервоарот и извадете го. (Слика 10,13)
3. Отклучете ги двете куки на резервоарот. (Слика 10,14)
4. Извадете го капакот. Истурете го резервоарот и темелно измијте го.
5. Извадете ја главата на цефката. Свртете ја внатрешната цефка во правец спротивен на стрелките на часовникот за да ја отклучите (погледнете го знакот). (Слика 10,15)
6. Измијте го капакот, главата на цефката, внатрешната цефка и филтерот со активен јаглен со вода од чешма. Оставете ги убаво да се исушат и потоа вратете ги на место.
7. Затворете го капакот. Вратете го резервоарот во комората и заклучете го (звук “клик“).

Содержание

Похожие устройства