Rovus VC889RS [71/104] Проблем можна причина решение

Rovus VC889RS [71/104] Проблем можна причина решение
71
Папуча за под (види Слика 11)
За да ја извадите папучата за под, легнете ја правосмукалката на подот. Притиснете и држете ги копчињата за ослободување на папучата истовремено како што е наведено подолу и
извлечете ја папучата. (Слика 11,16)
Доколку во четката се заглави некое парче или влакно, исчистете ја.
Редовно одржување (види Слика 12)
Полека ротирајте ја рачно четката и извадете ги нечистотиите. (Слика 12,17)
Начин на одржување кога четката не може да се ротира (види Слика 13)
1. Повлечете наназад (а) и отворете ко капачето на четката (b). (Слика 13,18)
2. Подигнете ја левата страна на четката и потоа извадете ја. Исчистете ја четката. ЗАБЕЛЕШКА: Ако користите ножички, внимавајте да не ги исечете четкичките. (Слика 13,19 & 20)
3. Повторно наместете ја четката. На крај проверете дали капачето е фиксирано и дали четката лесно ротира. (Слика 13,21)
ЗАБЕЛЕШКА: По секоја уптореба проверувајте дали четката е чиста.
МОЖНИ ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА
Проблем Можна причина Решение
Правосмукалката не се вклучува Правосмукалката не е наполнета Оставете ја правосмукалката комплетно да
се наполни.
Правосмукалката не се полни Прекинувачот не е вклучен Вклучете го прекинувачот.
Кабелот е оштетен
Не користете оштетен кабел. Обратете се
кај овластен сервисер.
Моќта на всмукување се намалува Може да има блокада во цревото или во
додатокот за пукнатини.
Проверете и исчистете ги.
Водата во резервоарот е многу нечиста Сменете ја водата во резервоарот и по
секоја употреба истурете ја водата.
Филтерот е нечист Заменете ги деловите со нови.
Правосмукалката премногу се загрева Филтерот е нечист Проверете го филтерот и убаво исчистете
го.
Воздухот кој излегува од правосмукалката
мириса непријатно
Филтерот е нечист Проверете го филтерот и убаво исчистете
го.
Филтерот не е сув Пред да го вратите филтерот во
правосмукалката, задолжително проверете
дали е целосно сув. Доколку е потребно
заменете ја водата со чиста.
Сијаличката за полнење трепка
Правосмукалката ја губи моќта Целосно наполнете ја правосмукалката.
Сијаличката ќе престане да трепка.
Правосмукалката се исклучува, индикаторот
за полнење светка црвено/виолетово
Ротирачката четка е заглавена Исчистете ја четката.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Производот мора да биде сув и да не се изложува на директна сончева светлина во текот на транспортот и складирањето.
•
Име на производ: ROVUS TSUNAMI WATER FILTRATION VAC
•
Модел бр.: VC-889RS / ID: 110003378
•
Волтажа: 18V DC / 125 W
•
Четка за подови: 18 V DC / 15 W
•
Адаптер модел бр.: K12S220050G / Влез: 100-240 V~ / 50/60 Hz/ 0,35 A/ Излез: 22,0 V, 0,5A
•
Земја на потекло: Кина
•
Добавувач: Топ Шоп Интернатионал С.А., Виа Ферруццио Пелли 13, 6900 Лугано, Швајцарија
•
Увозник: Студио Модерна дооел, ул. Костурски Херои бр. 38, 1000 Скопје
•
Датата на производство и серискиот број се на самиот производ.
Rovus е регистрирана трговска марка на Топ Шоп Интернатионал С.А.
ГАРАНТЕН ЛИСТ
Име на производ: Rovus Tsunami Water Filtration Vac
Увозник: СТУДИО МОДЕРНА дооел Скопје
Овластен сервис: ПРО ФУНКЦИОНАЛ, ул.БУТЕЛСКА бр.43 нас.Радишани до Расадник, КОНТАКТ: 071/324-419 Атанас 077/442-475
Датум на купување:
Печат и потпис на продавачот:
ИЗЈАВА ЗА ГАРАНЦИЈА:
Гарантниот рок на производот е 12 месеци од денот на преземање на пратката од пошта или од денот на купување на производот во продавница.
Студио Модерна гарантира дека производот исправно ќе функционира во гарантниот рок. Исто така, гарантираме дека, во текот на гарантниот рок, бесплатно ќе ги отстраниме сите можни
дефекти. Доколку се случи производот да не може да биде поправен во рок од 30 дена од приемот на рекламацијата, купувачот може да бара замена за производот со нов. Во тој случај,
гарантниот рок се продолжува за онолку дена колку што траела поправката. Добавувачот се обврзува дека ќе обезбедува делови за сервисирање во период од 5 години.

Содержание

Похожие устройства