Bosch GSB 1600 RE [57/91] Монтажа

Bosch GSB 1600 RE [57/91] Монтажа
Македонски | 57
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка (види сликаA)
u Користете го вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (12).
u Пред да извршите било што, проверете дали е
зацврстена пеперутка-завртката. Губењето на
контролата може да доведе до повреди.
Дополнителната рачка (12) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
Завртете ја пеперутка-завртката за подесување на
дополнителната дршка во правец спротивен на стрелките
на часовникот и свртете ја дополнителната дршка (12) во
саканата позиција. Потоа зацврстете ја пеперутка-
завртката во правец на стрелките на часовникот.
Подесување на длабочината на дупчење (види
сликаA)
Со граничникот за длабочина (13) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Притиснете го копчето за подесување на граничникот за
длабочина (10) и поставете го граничникот за длабочина
во дополнителната рачка .
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (13)
мора да покажува надолу.
Извлечете го граничникот за длабочина(13) до степен
што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина(13) ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Промена на алат
Брзозатегнувачка глава за дупчење (види сликаB)
Држете ја цврсто задната чаура (3) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја
предната чаура (2) во правец на вртење , додека не се
вметне алатот. Вметнете го алатот.
Држете ја цврсто задната чаура (3) на брзозатезната
глава за дупчење (1), а предната чаура (2) свртете ја
цврсто со рака во правец на вртење додека целосно не
се вклопи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Заклучувањето повторно се ослободува, откако ќе ја
свртите преданата чаура (2) во спротивен правец за да го
извадите алатот.
Алати за навртување (види сликаC)
При користење на битови за одвртувачот (15) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (14).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот
„Дупчење/ударно дупчење“ (4) на ознаката „Дупчење“.
Менување на главата за дупчење
Демонтирање на главата за дупчење (види сликаF)
За да ја демонтирате брзозатегнувачката глава за
дупчење (1) прицврстете еден клуч со внатрешна
шестаголна глава (16) во брзозатегнувачката глава за
дупчење (1) и ставете вилушкаст клуч (17) (ширина на
клучот SW 12) на површината на клучот на погонското
вретено.
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа. Држете го цврсто вилушкастиот
клуч (17) и олабавете ја брзозатегнувачката глава (1) со
вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава (16) во
правец . Со лесен удар на долгиот крак на клучот со
внатрешна шестаголна глава (16) се олабавува цврсто
вметнатата брзозатегнувачка глава за дупчење. Извадете
го клучот со внатрешна шестаголна глава од
брзозатегнувачката глава за дупчење и целосно одвртете
ја истата.
Монтирање на главата за дупчење (види сликаG)
Монтажата на брзозатегнувачката/запчестата глава за
дупчење ќе ја извршите по обратен редослед.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена
со вртежен момент од 30 – 35 Nm.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
Bosch Power Tools 1 609 92A 53F | (01.12.2020)

Содержание

Похожие устройства

Скачать