Gorenje MVC72FW FREE GO [16/73] Отстранување на апаратот и животната средина

Gorenje FREE GO MVC72FW 623850 [16/73] Отстранување на апаратот и животната средина
16
овластен сервисен центар за поправки или
соодветно обучено стручно лице.
Отстранување на апаратот и
животната средина
Ако е потребно да го замените вашиот апарат
или ако истиот повеќе не ви е потребен, секогаш
при отстранувањето на апаратот земете ја
предвид животната средина и начини со кои
може да ја заштитите.
УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЕВРОПСКИТЕ
СТАНДАРДИ
Тестирањето на овој апарат ја потврди
сообразноста на истиот со следниве Европски
директиви:
2014/35/EU
2014/30/EU
2009/125/EC
2011/65/EU
Оваа опрема е означена согласно Европската
Директива 2012/19/ECза отпадна електрична и
електронска опрема – WEEE. Директивата ги
наведува барањата за собирање и управување
со отпадна електрична и електронска опрема,
која се применува на територијата на
Европската Унија.
ПОЛНЕЊЕ НА АПАРАТОТ
Полнете го апаратот најмалку 12 часа пред
првата употреба. При секое натамошно
полнење, полнете го околу 4 до 6 часа.
Белешка: Кога батеријата е полна, црвената
трепкачка сијаличка на апаратот ќе стане
зелена.
Совет: Доколку немате намера да го
користите апаратот подолг период,
исклучете го адаптерот од приклучокот во
струја, за да заштедите енергија.
За да ја наполните правосмукалката,
приклучете го адаптерот на апаратот и
вклучете го адаптерот во струја.
Индикаторот за полнење ќе свети се додека
апаратот е приклучен на адаптерот, а
адаптерот е вклучен во струја.
Белешка: Индикаторот за полнење не
покажува колку е полна батеријата на
правосмукалката.
Белешка: Проверете дали правосмукалката
е секогаш правилно приклучена на
адаптерот и правилно и внимателно
вклучете го адаптерот во струја.
Вашата рачна правосмукалка е опремена со
држач за на ѕид. Со тоа се овозможува брз и
лесен пристап до правосмукалката секогаш
кога ви е потребна. Доколку се одлучите да
го монтирате држачот на ѕид, наша
препорака е да го монтирате близу до
приклучок за струја. На тој начин, можете да
ја полните правосмукалката додека стои на
ѕидниот држач.
УПОТРЕБА И ЧИСТЕЊЕ НА
АПАРАТОТ
Да го вклучите апаратот, турнете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
нанапред.
Да го исклучите апаратот, турнете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
наназад.
Ставете го саканиот додаток на тесниот
отвор на апаратот. Додатокот со тесен отвор
е погоден за чистење ќошиња и тесни дупки
или вдлабнатини. Гумениот додаток е
погоден за собирање течности.
Ако има течност во садот за
прашина/течност, секогаш држете го
апаратот со врвот надолу (односно со делот
од рачката свртен нагоре).
Важно: Внимавајте нивото на течност
никогаш да не ја надмине максималната
ознака на садот за прашина/течност.
По секоја употреба, испразнете го садот за
прашина/течност и исчистете го филтерот за
прашина. Моќта на вшмукување на апаратот
зависи од тоа колку е чист филтерот.
Апаратот ќе работи подобро ако филтерот се
чисти редовно.

Содержание

Похожие устройства

Скачать