Gorenje MVC72FW FREE GO [17/73] Гаранција и поправка

Gorenje FREE GO MVC72FW 623850 [17/73] Гаранција и поправка
17
Најпрвин, отстранете го садот од куќиштето
на правосмукалката со притискање на
копчето за ослободување на садот.
Потоа отстранете го пластичниот капак пред
филтерот.
Ако филтерот е многу нечист, исчистете го
со четка или стандардна правосмукалка.
Забелешка: Ако е потребно, филтерот може
да се чисти во ладна или млака вода. Во овој
случај, погрижете се да биде целосно
исушен пред повторна односно следна
употреба.
Забелешка: Препорачуваме замена на
филтерот по подолг период на користење
или кога веќе не може да се чисти.
Забелешка: Погрижете се единицата за
филтерот да е правилно позиционирана и
поставена. Исто така проверете го гумениот
дихтунг на филтерот. Ако филтерот не е
поставен правилно, апаратот не може да се
склопи правилно.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
По истекот на работниот век на користење на
овој апарат, не фрлајте го заедно со
стандардниот отпад од домаќинството.
Однесете го апаратот во овластен центар за
рециклирање. На овој начин ќе допринесете во
зачувување на животната средина.
ГАРАНЦИЈА И ПОПРАВКА
За повеќе информации или во случај на
проблеми, ве молиме контактирајте го центарот
за грижи за корисници на Горење во вашата
земја (телефонскиот број е наведен во
Меѓународниот Гарантен Лист). Доколку во
вашата држава нема таков центар, ве молиме
контактирајте го локалниот застапник на Горење
или одделот на Горење за мали апарати за
домаќинство.
Забелешка: Батеријата на правосмукалката има
6 месечна гаранција.
Не е за комерцијална употреба!
ГОРЕЊЕ
ВИ ПОСАКУВА МНОГУ ЗАДОВОЛСТВО ПРИ
УПОТРЕБА НА ОВОЈ АПАРАТ-
ПРАВОСМУКАЛКА.

Содержание

Похожие устройства

Скачать