Makita LXT DBS180Z [32/64] Спецификации

Makita DBS180Z [32/64] Спецификации
32 МАКЕДОНСКИ
МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
СПЕЦИФИКАЦИИ
Модел: DBS180
Големина на појас 9 мм x 533 мм
Брзина на појас 600 - 1.700 м/мин.
Вкупна должина 500 мм *1
Номинален напон D.C. 18 V
Нето тежина 2,1 кг
*1. Со абразивен појас и касета за батерија (BL1860B).
Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на промена без најава.
Спецификациите може да се разликуваат од држава до држава.
Тежина, со касетата за батерија, во согласност со постапката на EPTA 01/2014
Применлива касета за батерија и полнач
Касета за батерија BL1815N / BL1820 / BL1820B / BL1830 / BL1830B / BL1840 /
BL1840B / BL1850 / BL1850B / BL1860B
Полнач DC18RC / DC18RD / DC18RE / DC18SD / DC18SE / DC18SF /
DC18SH
Некои од касетите за батерии и полначите наведени погоре може да не се достапни зависно од регионот во кој живеете.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Користете ги само касетите за батерии и полначите наведени погоре.
Користењето какви било поинакви касети за батерии и полначи може да создаде ризик од повреда и/или пожар.
Наменета употреба
Алатот е наменет за шмирглање на големи површини
дрво, пластика и метал, како и на бојосани површини.
Бучава
Типична А-вредност за ниво на бучавата одредена
во согласност со EN62841-2-4:
Ниво на звучниот притисок (L
pA
) : 77 dB (A)
Отстапување (K): 3 dB (A)
НАПОМЕНА: Номиналната вредност(и) за
емисија на бучава е измерена во согласност со
стандардни методи за испитување и може да се
користи за споредување алати.
НАПОМЕНА: Номиналната вредност(и) за
емисија на бучава може да се користи и како
прелиминарна процена за изложеност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Носете заштита за ушите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Емисијата на бучава
при фактичкото користење на алатот може да се
разликува од номиналната вредност(и), зависно
од начинот на којшто се користи алатот, особено
од тоа како вид работен материјал се обработува.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Погрижете се да
ги утврдите безбедносните мерки за заштита на
лицето кое ракува со алатот врз основа на процена
на изложеноста при фактичките услови на употреба
(земајќи ги предвид сите делови на работниот циклус,
како периодите кога електричниот алат е исклучен и
кога работи во празен од, не само кога е активен).
Вибрации
Вкупна вредност на вибрациите (векторска сума на
три оски) одредена во согласност со EN62841-2-4:
Работен режим: работа без оптоварување
Ширење вибрации (a
h
) : 2,5 м/с
2
или помалку
Отстапување (K): 1,5 м/с
2
НАПОМЕНА:
Вкупната вредност(и) на номиналната јачина
на вибрациите е измерена во согласност со стандардни методи
за испитување и може да се користи за споредување алати.
НАПОМЕНА:
Вкупната вредност(и) на номиналната
јачина на вибрациите може да се користи и како
прелиминарна процена за изложеност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Јачината на вибрациите
при фактичкото користење на алатот може да се
разликува од номиналната вредност(и), зависно од
начинот на којшто се користи алатот, особено од тоа
како вид работен материјал се обработува.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Погрижете се да
ги утврдите безбедносните мерки за заштита на
лицето кое ракува со алатот врз основа на процена
на изложеноста при фактичките услови на употреба
(земајќи ги предвид сите делови на работниот циклус,
како периодите кога електричниот алат е исклучен и
кога работи во празен од, не само кога е активен).
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.

Содержание

Скачать