Bosch AdvancedRotak690 06008B9208 [195/282] Собирање лисја

Bosch AdvancedRotak690 06008B9208 [195/282] Собирање лисја
Македонски | 195
u Уредот носете го само за рачката
за носење. Ракувајте внимателно
со рачката.
u Не вршете промени на уредот.
Несоодветните модификации
може да влијаат на безбедноста на
Вашиот уред, предизвикувајќи
зголемена бучава и вибрации и
лоши перформанси.
u Периодично проверувајте го
напојниот кабел и продолжниот
кабел којшто го користите. Не
поврзувајте ја косалката на
напојна мрежа со оштетени кабли.
Доколку кабелот е оштетен, не
допирајте го додека е приклучен
на струја. На оштетениот кабел
може да се дојде во допир со голи
проводници. Чувајте се од струјни
удари.
Собирање лисја
Сечилото за собирање лисја е така
проектирано, за со него да можат да
се собираат есенски суви лисја. За
да се постигне максимален ефект на
оваа функција, направете го
следново:
Собирајте лисја при подесеност
на максимална висина на
косење.
Собирајте лисја само на тревник.
Пред да почнете со собирање на
лисјата, прегледајте на теренот
да нема луѓе, животни, предмети
од стакло и автомобили.
Извлечете го кабелот од утикачот:
Секогаш кога ја оставате
косачката без надзор.
Пред отстранување на пречка.
Пред прегледување, чистење и
поправка на машината.
Веднаш по удирање во тврд
предмет. Веднаш по оштетување
прегледајте ја машината и
извршете ги неопходните
поправки.
Ако косачката почне да вибрира
неконтролирано (проверете
веднаш).
Приклучување на струја
u Волтажата прикажана на
натписната плочка мора да биде
иста со волтажата на електричната
мрежа.
u Советуваме овој уред да биде
приклучен на струја преку утикач
со заштитен уред за заостаната
струја што се активира при
промена на јачината на струјата од
30mA.
u При замената на напојниот кабел
користете само кабли
препорачани од производителот
на косачката. Бројот на нарачката
и видот на кабелот пронајдете ги
во упатството за употреба.
u Ниикогаш не допирајте го утикачот
со мокри раце.
u Не газете ги, не превиткувајте ги и
не тегнете ги напојниот или
продолжниот кабел, бидејќи на тој
начин можат да се оштетат.
Bosch Power Tools 1 609 92A 5W9 | (15.07.2020)

Содержание

Похожие устройства

Скачать