Bosch AdvancedRotak690 06008B9208 [196/282] Електрична безбедност

Bosch AdvancedRotak690 06008B9208 [196/282] Електрична безбедност
196 | Македонски
Заштитете го кабелот од топлина,
масло и оштри рабови.
u Користениот продолжен кабел
мора да биде водоотпорен и со
соодветен пресек односно
дебелина. Врската не смее да се
наоѓа во вода.
u Секогаш носете заштитни
ракавици кога работите со оштри
сечила или во нивна близина.
Електрична безбедност
Предупредување! Пред
секое одржување или
чистење на производот,
згаснете го и исклучете го од
напојување. Истото важи и ако
кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
u По исклучувањето на косачката,
сечилата вртат уште неколку
секунди.
u Внимание – не допирајте ги
ротирачките сечила.
Вашиот уред е со двојна изолација и
не му е потребно заземјување.
Работниот напон е 230VAC, 50Hz
(за земји вон ЕУ 220V или 240V).
Употребувајте само одобрени
продолжни кабли. За подетални
информации обратете се во Вашиот
Бош сервис.
За подобра безбедност користете
резидуален уред (РЦД) кој се
активира на отстапување од 30mA.
Резидуалниот уред треба да се
проверува пред секоја употреба.
Чувајте го напојниот и продолжниот
кабел понастрана од подвижните
делови, за да се избегне оштетување
на кабелот и негов контакт со
металните делови.
Кабелските врски (приклучник и
приклучница) треба да бидат суви и
да не лежат на теренот.
Напојниот и продолжниот кабел
мора редовно да се проверуваат за
евентуални оштетувања и да се
користат само кога се во
беспрекорна состојба.
Ако напојниот кабел е оштетен, мора
да се поправи од страна на овластен
сервис на Бош. Употребете само
одобрен продолжен кабел.
Користете само продолжни кабли,
кабел, водови за жици и макари со
кабли што се во согласност со EN
61242 / IEC 61242 или IEC
60884-2-7 и се од типот H05VVV-F
или H05RN-F.
Ако сакате да користите продолжен
кабел при употреба на уредот,
потребни ви се следните димензии
на кабли:
Пресек 1,25mm
2
или 1,5mm
2
Максимална должина 30m за
продолжниот кабел или 60m за
кабел на навој со ФИ-заштитна
склопка
Совет: Ако користите продолжен
кабел, тој мора да биде заземјен
преку напојната мрежа, во склад со
важечките прописи.
1 609 92A 5W9 | (15.07.2020) Bosch Power Tools

Содержание

Похожие устройства

Скачать