Gorenje SGT2400B [33/119] Важно

Gorenje SGT2400B [33/119] Важно
33
УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА MK
ВАЖНО
Заради безбедносни причини би требало претпазливо да ги прочитате инструкциите пред да го
употребите апаратот за прв пат. Запамети ги инструкциите за понатамошна употреба.
Апаратот е дизајниран за домашна употреба и може да се употребува само според овие
инструкции за употреба.
Апаратот произведува пареа со висока температура.Секогаш користи го со внимание и
предупреди ги другите корисници за потенцијалните опасности.
НАПРАВИ
1. Провери дали главниот напон на панелот на апаратот одговара со напонот на локалната
мрежа.
2. Одмотај го и затегни го кабелот за струја и за вода пред да го употреебиш.
3. Стави го апаратот на цврста и стабилна површина.
4. Апаратот мора да се употребува и да биде поставен на стабилна површина.
5. Избегнувај допир на електричниот кабел или кабелот за вода и работната површина на
апаратот.
6. Електричниот кабел мора да биде исклучен од струја кога резервоарот се полни со вода.
7. Чувајте ги електричните апарати подалеку од дофатот на децата или неинформирани
лица.Не дозволувајте им да ги употребуваат апаратите без надзор.
8. Кога ќе ја ставате пеглата на нејзината подлога, осигурете се дека површината на која е
поставена е стабилна.
9. Доколку електричниот кабел е оштетен, производителот или неговиот сервисер или слично
квалификувани лица , мора да го заменат со цел да се избегне штета.
10. Испразни го резервоарот за вода после употреба.
11. Апаратот не е наменет за употреба од лица ( вклучувајќи и деца) со нарушени физички,
сетилни или ментални способности, или недостаток на искуство и знаење,освен ако тие
имаат надзор или инструкции што се однесуваат на употреба на апаратот од личност
одговорна за неговата сигурност.
12. Децата треба да се надгледувани и обезбедени да не играат со апаратот.
НЕ ПРАВИ
1. Не дозволувај децата да го допираат апаратот кога се пегла.
2. Не го оставај апаратот без надзор кога тој е поврзан во приклучокот со струја.
3. Не користи продолжителни кабли за струја освен ако компетентна личност не го одобри тоа.
4. Не ставај парфимирани течности, оцет или други хемикалии во резервоарот за вода ; тие
може сериозно да го оштетат апаратот.
5. Не го потопувај апаратот во вода или друга течност.
6. Не го употребувај апаратот кога тој е оштетен или дава несоодветни перформанси.
7. Апаратот не треба да се употребува ако бил испуштен, ако има видливи знаци на
оштетување или ако протекува.
8. Не ја допирај подлогата на пеглата за време или одма после пеглање.Уште е топла!

Содержание