Bosch PLR 25 (NEW)(0.603.672.521) [130/198] Одржување и сервис

Bosch PLR 25 (NEW)(0.603.672.521) [130/198] Одржување и сервис
130 | Македонски
1 609 92A 23Z | (23.6.16) Bosch Power Tools
Проверка на точност на мерниот уред
Точноста на мерниот уред може да ја проверите на следниов начин:
Изберете едно непроменливо мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 м,
чија должина точно ја знаете (напр. ширината на просторијата, отворот на
вратата). Мерната траса мора да биде во внатрешен простор, целната
површина на мерењето треба да биде мазна и добро рефлектирачка.
Измерете го подрачјето 10-пати едно по друго.
Отстапувањата од средната вредност на поединечните мерења смеат да
изнесуваат макс. ±2 мм. Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја
споредите точноста.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во испорачаната
заштитна ташна.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за
чистење или раствори.
Особено одржувајте ја приемната леќа 12 со истата грижа, со која треба да се
одржуваат очилата или леќата на фотоапарат.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната ташна
17.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен
цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате
прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-
цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
OBJ_BUCH-2662-002.book Page 130 Thursday, June 23, 2016 7:27 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать