Bosch GBL 18V-120 без акк. (0.601.9F5.100) [105/145] Монтажа

Bosch GBL 18V-120 без акк. (0.601.9F5.100) [105/145] Монтажа
Македонски | 105
Bosch Power Tools 1 609 92A 1AC | (23.11.15)
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување со избор на
степени
2 Дршка
3 Батерија*
4 Отвор за воздух
5 Куќиште на моторот
6 Млазница
7 Копче за отклучување на батеријата
8 Вдлабнатина за приклучок на опремата
9 Продолжна цевка
10 Млазница за отворот за дупчење
11 Цевка за собирање на прав
12 Бајонет-завртка
13 Вдлабнатина за цевката за собирање на прав
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-1.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 82 dB(A); ниво на звучна јачина
93 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Максималните вредности на осцилација a
h
и несигурност K
се дадени според EN 60745-1:
a
h
<2,5m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
За да се наполни акумулаторот мора да се извади од
електричниот апарат.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење.
Доколку батеријата е испразнета, електричниот апарат се
исклучува со заштитен прекинувач.
По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата,
што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и
45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на траење на
батеријата.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Батериска дувалка GBL 18V-120
Број на дел/артикл 3 601 JF5 1..
Број на празни вртежи
min
-1
17000
Воздушен проток, макс.
m/s 75
Волумен на воздухот
m
3
/min 2,0
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
кг 1,4/1,68
1)
Дозволена температура на
околината
–при полнење
–при работа
2)
и при складирање
°C
°C
0...+45
–20...+50
Препорачани батерии
GBA 18V..
GBA 18V... W
Препорачани полначи
AL 18..
GAL 3680
Препорачани полначи за батерии
со индуктивно полнење
GAL 18... W
Трајност на батеријата
Степен на дувалката I
Степен на дувалката II
min/Ah
min/Ah
9
5
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
1) во зависност од употребената батерија
2) ограничена јачина при температури <0 °C
OBJ_BUCH-2543-001.book Page 105 Monday, November 23, 2015 3:00 PM

Содержание

Скачать