Bosch GCO 14-24 J (0601B37200) [81/131] Монтажа

Bosch GCO 14-24 J (0601B37200) [81/131] Монтажа
Димензии за соодветни брусни плочи за сечење
Дијаметар на отворот mm 25,4
Информација за бучава
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN 62841-3-9.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: ниво на звучен притисок 101dB(A);
ниво на звучна јачина 112dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие
упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува
на основната примена на електричниот алат. Доколку
електричниот алат се користи за други примени, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
u Избегнувајте невнимателно вклучување на
електричниот алат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот алат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
Пред првата употреба на електричниот алат проверете
дали се испорачани сите делови кои наведени долу:
Брусилка со монтирана брусна плоча за сечење
Клуч со внатрешна шестаголна глава (12)
Напомена: Проверете дали електричниот алат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Фиксна или флексибилна монтажа
u За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика A)
Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (11).
Флексибилна инсталација (не се препорачува!)
Доколку, во поединечни случаи, не е возможно
електричниот алат да се монтира цврсто на работна
површина, може да ги монтирате ногарките на основната
плоча (13) на соодветна подлога (на пр. работна клупа,
рамен под), без да го зацврстувате електричниот алат.
Промена на алат (види слики B1−B2)
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u Активирајте ја блокадата на вретеното (5) само
доколку вретеното на алатот е во состојба на
мирување (22). Инаку електричниот алат може да се
оштети.
u Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по
работата, додека не се олади. Брусната плоча за
сечење за време на работата се вжештува.
Користете само брусни плочи за сечење, кои одговараат
на наведените податоци во ова упатство за употреба или
се проверени според EN12413 и се соодветно означени.
Со брусната плоча за сечење евентуално користете ги
испорачаните брусни плочи за сечење.
Неискористените брусни плочи за сечење ставете ги во
затворен сад или оригиналното пакување. Складирајте ја
брусната плоча за сечење во лежечка положба.
Демонтирање на брусната плоча за сечење
Подесете го електричниот алат во работна позиција.
(види „Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)“, Страница82)
Навалете го заштитниот капак со повратен механизам
(4) до крај наназад.
Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(25) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
глава (12) и истовремено притиснете ја блокадата за
вретеното (5), додека не се вклопи.
Држете ја притисната блокадата на вретеното и
одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(25).
Извадете ја подлошката (24) и стезната прирабница
(23).
Извадете ја брусната плоча за сечење (6).
Македонски | 81
Bosch Power Tools 1 609 92A 4JZ | (03.08.2018)

Содержание

Скачать
Случайные обсуждения