Bosch GCO 14-24 J (0601B37200) [83/131] Совети при работењето

Bosch GCO 14-24 J (0601B37200) [83/131] Совети при работењето
u Проверете дали основата за делови за обработка е
цврсто поврзана со стезната челуст и нема да се
преврти ако го ставите делот.
u Проверете дали висината на делот за обработка
изнесува макс. 40 mm на основата. Повисоките
делови за обработка не се сигурно прицврстени.
u Проверете дали по користењето основата за делови
за обработка е целосно вратена во аголниот
граничник. Излезената кука го спречува
безбедното стегање на делот што се обработува.
Олабавување на делот што се обработува
Олабавете ја рачката на вретеното (10).
Отворете го делот за брзо отклучување (9) и
извлечете го вретеното за фиксирање (8) од делот што
се обработува.
Ставање во употреба
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Полначите означени со 230V исто така може да се
користат и на 220V.
u Пред употребата проверете ги брусните плочи за
сечење. Брусната плоча за сечење мора да биде
монтирана беспрекорно и да може слободно да се
врти. Направете проба од најмалку 30 секунди, без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или брусни плочи за сечење што
вибрираат. Оштетените брусни плочи за сечење може
да пукнат и да предизвикаат повреди.
Правта од материјалите како на пр. боја што содржи
олово, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички на метал важат како опасни, особено
во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или
хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2 .
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Брусната плоча за сечење може да се блокира поради
прав, струготини или скршени делови на делот што се
обработува во отворот на основната плоча (13).
Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Почекајте додека брусната плоча за сечење целосно
не дојде во состојба на мирување.
Навалете го електричниот алат наназад, за да можат
ситните делови на парчето што се обработува да
паднат надвор од отворот предвиден за тоа.
Ев. употребете соодветен алат, за да ги отстраните
сите делови од парчето што се обработува.
u Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Позиција на корисникот
u Не се поставувајте во линија со брусната плоча за
сечење пред електричниот алат, туку секогаш
бидете странично од брусната плоча за сечење. Со
тоа се штити Вашето тело од можни скршени делови
при кршење на брусна плоча за сечење.
Вклучување и исклучување (види слика I)
За ставање во употреба најпрво притиснете ја
блокадата при вклучување (1).
Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (2) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (2).
Фин старт
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот
момент при вклучување и го зголемува рокот на траење
на моторот.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење со брусни плочи
u Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по
работата, додека не се олади. Брусната плоча за
сечење за време на работата се вжештува.
u Осигурете се, дека плехот за заштита од искри
(21)е прописно монтиран. При брусење на
материјали постои опасност од искрите што летаат.
u Заштитете ги брусните плочи за сечење од удари и
маснотија. Не ја притискајте странично брусната плоча
за сечење.
u Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека
не дојде во состојба на мирување.
Преголемиот притисок, значително го намалува
капацитетот на електричниот алат и го намалува рокот
на траење на брусната плоча за сечење.
u Користете само брусни плочи за сечење соодветни на
материјалот што се обработува.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Форма на делот
што се
обработува
Аголот на
закосување 0°
Аголот на
закосување 45°
129 Ø 128 Ø
Македонски | 83
Bosch Power Tools 1 609 92A 4JZ | (03.08.2018)

Содержание

Скачать
Случайные обсуждения