Bosch GNF 20 CA (0601612508) [196/261] Одржување и сервис

Bosch GNF 20 CA (0601612508) [196/261] Одржување и сервис
196 | Македонски
1 609 92A 2PP | (19.8.16) Bosch Power Tools
Криволиниското сечење не е возможно, бидејќи
дијамантските брусни плочи за сечење може да се
заглават во делот што се обработува.
При сечење на плочести материјали, истите мора да се
потпрат или постават на цврста подлога.
При изведување на сегменти во ѕид на пр. со електро-
пневматски чекани за дупчење може да го спречите
лупењето на материјалот на површината, доколку
претходно направите жлеб со максимална длабочина на
сечење со глодалката за жлебови во ѕид.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со
чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу
дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење
во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Паралелен граничник (GNF 20 CA)
За глодање на другите жлебови, паралелно на веќе
постоечки жлеб, притиснете ги болцните-водилки 15 на
паралелниот граничник 14 надол
у во постоечкиот жлеб и
на крај извршете го процесот на глодање.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата
DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата.
Мора неопходно да се придржувате до овие прописи.
Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот
статичар, архитект или надлежните градежни
раководители за да се советувате.
Дозволената длабочина и ширина на процепи зависи од
должината на процепот, јачината на ѕидот и употребениот
градежен материјал.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
По завршената работа, демонтирајте ги затезните уреди и
исчистете ги сите затезни делови како и заштитната хауба.
Складирајте ја и третирајте го приборот со внимание.
Приказ за сервис11 (GNF 35 CA)
Откако ќе се искористат карбонските четки, електричниот
апарат сам се исклучува. Ова ќе се прикаже околу 8 часа
пред да светне приказот за сервис 11. Електричниот
апарат мора да се достави на одржување во сервисната
служба, видете ги адресите во оддел „Сервисна служба и
совети при користење“.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Резервни делови
GNF 20 CA
GNF 35 CA
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Приклучна прирабница 17 3 600 390 023
Дистанцери 4 мм 19 3 609 202 041
Затезна навртка 20 3 603 345 005
Приклучна прирабница 17 3 609 202 039
Дистанцери 4 мм 19 3 609 202 041
Дистанцери 6 мм 19 3 609 202 042
Затезна навртка 20 3 609 202 040
OBJ_BUCH-126-003.book Page 196 Friday, August 19, 2016 1:30 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать