Bosch GO kit (06019H20K1) [273/391] Сервисирање

Bosch GO kit (06019H20K1) [273/391] Сервисирање
Македонски | 273
u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока
температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C
може да предизвика експлозија.
u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или
алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното
полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети
батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи
само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување
на електричниот алат.
u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на
батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за одвртувачи
u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за
прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена жица. Ако прицврстувачите
дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на
електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените
електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да
доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
u Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на
шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
u Пред било каква интервенција на електричниот уред (на пр. одржување,
замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, ставете го
прекинувачот за правец на вртење во средна позиција. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од
повреди.
u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за
затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да
го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до
губење контрола над уредот.
Bosch Power Tools 1 609 92A 56G | (10.09.2019)

Содержание

Похожие устройства

Скачать