Bosch Quigo 0 603 663 220 [108/172] Монтажа

Bosch Quigo  0 603 663 220 [108/172] Монтажа
1 609 92A 0JW | (4.4.14) Bosch Power Tools
108 | Македонски
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-
мангански батерии.
За да го отворите поклопецот од преградата за батерии 6 притиснете на
механизмот за заклучување 5 во правец на стрелката и извадете го
поклопецот од преградата за батерии. Ставете ги испорачаните батерии.
Внимавајте на точноста на половите согласно приказот на поклопецот на
преградата на батерии.
Доколку предупредувањето за батеријата и нивелирањето 3 непрекинато
свети црвено, батериите се ослабени. При првото светнување на
предупредувањето за батеријата, мерниот уред може да се користи уште
околу 1 ч. Со намален капацитет на батериите, ласерските линии светат сè
послабо и послабо, додека не се испразнат батериите и не се исклучи
мерниот уред.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од
еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе време, извадете ги
батериите. Доколку се подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на
сончеви зраци.
OBJ_DOKU-30027-003.fm Page 108 Friday, April 4, 2014 8:58 AM

Содержание

Скачать