Bosch Quigo 0 603 663 220 [111/172] Совети при работењето

Bosch Quigo  0 603 663 220 [111/172] Совети при работењето
Македонски | 111
Bosch Power Tools 1 609 92A 0JW | (4.4.14)
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само средината на
ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со
оддалечувањето.
Прицврстување со држач (види слика A)
Со помош на држачот 12 може да го прицврстите мерниот уред на различни
предмети со дебелина од 10 до 60 мм, напр. на вертикални или
хоризонтални даски или цевки.
Олабавете го шрафот за прицврстување 11 на држачот, поставете го
држачот на саканото место и повторно затегнете го шрафот за
прицврстување.
За да го зацврстите мерниот уред на држачот 12 може да избирате меѓу
следните можности:
Зашрафете ја адаптер-плочата 8 на 1/4"-шрафот 9 на држачот и
прицврстете ја со умерена јачина на држачот. Притиснете го мерниот
уред во адаптер-плочата, така што механизмите за заклучување на
адаптер-плочата ќе се вклопат во отворите на двете страни од мерниот
уред. Проверете дали е стабилен мерниот уред.
Поставете го мерниот уред со прифатот на стативот 4 на 1/4"-шрафот 9
на држачот и прицврстете го силно на држачот. Не претерувајте со
затегањето на мерниот уред, бидејќи може да се оштети.
Грубо центрирајте го држачот, пред да го вклучите мерниот уред. Олабавете
го шрафот за фиксирање 10 на држачот и движете го мерниот уред во
хоризонтална позиција на саканата висина. Повторно зацврстете го шрафот
за фиксирање.
OBJ_DOKU-30027-003.fm Page 111 Friday, April 4, 2014 8:58 AM

Содержание

Скачать