Bosch AdvancedTableCut 52 0603B12000 [236/313] Подесување на хоризонталниот агол на закосување универзален граничник види слика h

Bosch AdvancedTableCut 52 0603B12000 [236/313] Подесување на хоризонталниот агол на закосување универзален граничник види слика h
236 | Македонски
Ланецот на сечилото за пила автоматски се затегнува.
Ако ланецот почне да се лизга или да се олабавува од
водечката единица (31), отворете го и повторно
затворете го капакот (29) на прифатот за сечило за пила
(33).
u Проверете дали заштитниот капак може правилно
да функционира и дали може слободно да се
движи. Никогаш не го блокирајте заштитниот капак во
отворена состојба.
u Држачот на заштитниот капак мора да биде во
права линија со сечилото за пила, за да се избегне
заглавување на делот што се обработува.
Повторно монтирајте ја пилата на работната
површина.
Употреба
Поттурнување/поддржување на делот за
обработка
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
Позиционирајте ја подлогата за делот што се
обработува (34) на тој начин што тој слободно ќе се
поттурнува одн. ќе се поддржува на слободниот крај
(види слика G1).
Дополнително можете делот што се обработува на пр.
да го поттурнете и поддржите со помош на валчестата
поддршка PTA 1000 од Bosch (види слика G2).
Валјаците ја овозможуваат соодветната подвижност на
делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување (универзален граничник) (види
слика H)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат
во граници од 60° (на левата страна) до 60° (на десната
страна).
За брза и прецизна поставка на често употребуваните
хоризонтални агли на закосување универзалниот
граничник се вклопува во следните стандардни агли:
лево десно
60°; 45°; 30°; 22,5°; 15° 15°; 22,5°; 30°; 45°; 60°
Олабавете го затезниот лост (1) во правец спротивен
на стрелките од часовникот.
Свртете го универзалниот граничник (2), додека не се
вклопи саканиот агол на закосување или агломерот
(35) не покажува на саканиот агол на закосување на
скалата (36).
Повторно затегнете го затезниот лост (1).
Напомена: За полесно олабавување и затегање на
затезниот лост користете помош за навртување (37).
Подесување на вертикалниот агол на
закосување (сечило за пила)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од 0° до 45°.
Лесно олабавете ја пеперутка-завртката (17) во
правец спротивен на стрелките од часовникот.
Свртете го вртливото копче (15) додека агломерот
(16) не покаже на саканиот вертикален агол на
закосување на скалата (14).
Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (17).
Напомена: За полесно олабавување и затегање на
пеперутка-завртката користете помош за навртување
(37).
Поставка на универзалниот граничник
u При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ги
допре граничниците или другите делови на уредот.
Универзалниот граничник (2) зависно од видот на
употреба може различно да се користи:
како кос, аголен и паралелен граничник
Употреба на универзалниот граничник како кос или
аголен граничник (види слика I1)
Монтирајте го универзалниот граничник (2) на масата
за пила (5).
Употреба како столна пила со лизгачка функција:
Целосно вметнете го универзалниот граничник во
средниот лизгачки жлеб (25).
Употреба како столна пила: Монтирање на
универзалниот граничник во десниот или левиот
лизгачки жлеб (25)
По потреба монтирајте го дополнителниот граничник
(21) на универзалниот граничник (2).
Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување.
Поставете го саканиот вертикален агол на закосување.
Проверете, дали граничниците се надвор од опсегот
на сечење.
По потреба олабавете ги двете пеперутка-завртки
(27), поместете го дополнителниот граничник (21) и
повторно затегнете ги двете пеперутка-завртки (27).
Напомена: За да се избегне завртување или
пролизгување на делот што се обработува,
растојанието треба да изнесува помеѓу сечилото за
пила (3) и дополнителниот граничник
(21)максимално 15 mm.
Употреба на универзалниот граничник како паралелен
граничник (види слика I2)
Употреба како столна пила: Монтирајте го
универзалниот граничник (2) лево или десно во
лизгачкиот жлеб (24) на масата за пила (5)(види
„Монтирање на универзален граничник (види слика
A)“, Страница234).
1 609 92A 3LB | (08.01.2019) Bosch Power Tools

Содержание

Похожие устройства

Скачать