Makita LXT 18V без аккумулятора и ЗУ DWR180Z [34/56] Одржување

Makita DWR180RF [34/56] Одржување
34 МАКЕДОНСКИ
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ: Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
адаптерот за насадникот
За да го монтирате адаптерот за насадникот, туркајте
го во дупката за адаптер додека не се заглави.
Сл.7:
1. Адаптер за насадник 2. Дупка за адаптер
За да го отстраните адаптерот за насадникот,
вметнете прачка како шрафцигер во задниот дел од
адаптерот за насадник, а потоа потчукнете го нежно.
Сл.8: 1. Адаптер за насадник 2. Шрафцигер
ЗАБЕЛЕШКА: При отстранувањето, држете
го адаптерот за насадникот цело време за да не
испадне од алатот.
Монтирање или отстранување на
насадникот
ВНИМАНИЕ:
Пред да го вклучите, осигурете
се дека насадникот е правилно заклучен врз
адаптерот за насадникот. Нецелосното прикачување
на насадникот може да предизвика повреда.
ЗАБЕЛЕШКА: Секогаш користете насадник со
правилна големина за завртка/навртка. Насадник
со неправилна големина ќе предизвика непостојан
вртежен момент за стегање и/или оштетување на
завртката/навртката.
За да го монтирате насадникот, туркајте го во
адаптерот за насадникот додека не се заглави. За да
го отстраните насадникот, едноставно извлечете го.
Сл.9: 1. Насадник 2. Адаптер за насадник
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Држете го алатот цврсто
особено кога завртката/навртката ќе дојде во
положба на лежиштето. Насадникот престанува
да ротира и реакцијата на моторот создава
инстантна повратна реакција за ротација на алатот.
ЗАБЕЛЕШКА: Држете го алатот насочен
право кон завртката/навртката.
Цврсто држете го алатот и поставете го насадникот
над завртката/навртката. Вклучете го алатот и
стегајте. Кога завртката/навртката ќе дојде во
положба на лежиштето, алатот сопира автоматски.
Сл.10
Алатот функционира и без насадник. Дупката
за адаптерот може да стегне M8 (5/16″) завртка/
навртка. (функционира како насадник од 13 мм)
Сл.11
Користење како рачен алат
Може да го користите алатот како рачен
полуавтоматски клуч вртејќи го во насока на
стрелките како што е прикажано. Особено кога
одвртувате цврсто стегната завртка/навртка, прво
олабавете ја со рака, па потоа вклучете го алатот.
Сл.12
ЗАБЕЛЕШКА: Преголем вртежен момент за
стегање може да ги оштети завртката/навртката,
насадникот или алатот.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ: Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ: Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Насадник
Адаптер за насадник
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.

Содержание

Похожие устройства

Скачать