Bosch pks 16 multi — употреба и безбедност на електрични алати за сечење [93/148]

Превью страниц Страница 93 / 148
Bosch pks 16 multi [93/148] Употреба со соодветна намена
Македонски | 93
Bosch Power Tools 1 609 92A 0ZM | (6.11.14)
Не ја фаќајте исфрлената струготина со раце. Може
да се повредите од ротирачките делови.
Не работете со електричниот апарат на плафон. Така
немате доволна контрола врз електричниот апарат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
Не го фиксирајте електричниот апарат. Тој не е
предвиден за работа на маса за сечење.
Не користете листови на пила од HSS-челик. Таквите
листови на пила може лесно да се скршат.
Не сечете железни метали. Струготините би можеле
да го запалат вшмукувачот за прав.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински
и напречни резови на цврста подлога со прав рез во дрво.
Со соодветни листови за пила може да се сечат и тенки
нежелезни метали или пластика, напр. профили. Со
соодветните дијамантски брусни плочи за сечење може да
сечете плочки, без употреба на вода.
Обработката на железни метали не е дозволена.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Основна плоча
4 Лост за отклучување на основната плоча
5 Лизгач за претходен избор на длабочината на резот
6 Заштитна хауба
7 Контролно прозорче за линијата на резот „CutControl“
8 Шраф за подесување на длабочината на резот
9 Адаптер за вшмукување
10 Површина на дополнителната дршка (изолирана)
11 Рачка (изолирана површина на дршката)
12 Копче за блокирање на вретеното
13 Приклучна прирабница
14 Лист за кружната пила*
15 Затезен шраф со стезна прирабница
16 Инбус клуч
17 Црево за вшмукување*
18 Пар стеги за шрафот*
19 Ознака за сечење
20 Исфрлувач на струготини
21 Дијамантска брусна плоча за сечење*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Рачна кружна пила PKS 16 Multi
PKS 1600 Multi
Број на дел/артикл
3 603 CB3 0..
Номинална јачина
W400
Број на празни вртежи
min
-1
6400
Димензии на основната плоча
мм 68 x 233
Отвор за прифатот
мм 15
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01/2003
кг 1,9
Класа на заштита
/ II
макс. длабочина на резот
мм 16
макс. дијаметар на листовите
за пилата
мм 65
мин. дијаметар на листовите
за пилата
мм 65
макс. дебелина на листот
на пилата
мм 1,2
макс. отклон на запците
на пилата
мм 2,0
мин. отклон на запците на пилата
мм 0,8
макс. дијаметар на дијамантските
брусни плочи за сечење
мм 65
Работење со една дијамантска
брусна плоча за сечење
мин. дебелина на брусните
плочи за сечење
макс. дебелина на брусните
плочи за сечење
мм
мм
0,6
1,2
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
OBJ_BUCH-1935-003.book Page 93 Thursday, November 6, 2014 7:06 PM

Содержание

361

Запознајте се со важните упатства за безбедност и правилна употреба на електрични алати за сечење. Защитете се од повреди и подобрете ја вашата работа.