Bosch pks 16 multi — информации за бучава и вибрации на електрични алати [94/148]

Превью страниц Страница 94 / 148
Bosch pks 16 multi [94/148] Ставање менување на листот за кружната пила за примена на пилата
94 | Македонски
1 609 92A 0ZM | (6.11.14) Bosch Power Tools
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-5, EN 60745-2-22.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 97 dB(A); ниво на звучна јачина
108 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
Сечење на дрво: a
h
<2,5m/s
2
, K=1,5 m/s
2
,
Сечење на метал: a
h
<2,5m/s
2
, K=1,5 m/s
2
,
Сечење на плочки: a
h
=2,5m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми:
EN 60745-1, EN 60745-2-5, EN 60745-2-22.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 14.10.2014
Монтажа
Ставање/менување на листот за кружната пила
(за примена на пилата)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
карактеристичните податоци дадени во ова
упатство за употреба.
Во никој случај не користете дискови за брусење
како алат за вметнување.
Основната плоча 3 отворајте ја и затворајте ја
внимателно, за да избегнете повреди и материјални
штети.
Бирање на листот за пилата
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Демонтажа на листот на пилата (види слика A)
Држете доволно растојание помеѓу електричниот
апарат и делот што се обработува, за да избегнете
оштетувања.
Цврсто држете го електричниот апарат за дршката 11.
Притиснете го лостот за отклучување 4 на основната
плоча 3 надолу. Основната плоча 3 ќе се расклопи.
Притиснете го копчето за блокада на вретеното 12 и
држете го притиснато.
Копчето за блокирање на вретеното 12 активирајте
го само доколку вретеното на пилата е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Со внатрешен шестаголен клуч 16 одвртете го
затезниот шраф со стезна прирабница 15 во правец на
вртење .
Извадете го листот за пилата 14 и приклучната
прирабница 13 од вретеното на пилата.
Монтирање на листот за пилата (види слика A)
Држете доволно растојание помеѓу електричниот
апарат и делот што се обработува, за да избегнете
оштетувања.
Цврсто држете го електричниот апарат за дршката 11.
Притиснете го лостот за отклучување 4 на основната
плоча 3 надолу. Основната плоча 3 ќе се расклопи.
Исчистете го листот за пилата 14 и сите стезни делови
што се монтираат.
Поставете ја приклучната прирабница 13.
Поставете го листот на пилата 14 на приклучната
прирабница 13. Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на листот за пилата) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на пилата.
Притиснете го копчето за блокада на вретеното 12 и
држете го притиснато.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
OBJ_BUCH-1935-003.book Page 94 Thursday, November 6, 2014 7:06 PM

Содержание

361

Откријте важни информации за бучавата и вибрациите на електрични алати, вклучувајќи нивоа на звук и мерки за безбедност. Защитете се од негативните ефекти.