Gorenje SC 1800 R [36/142] Важни безбедносни упатства

Gorenje SC 1800 R [36/142] Важни безбедносни упатства
36
УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА MK
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ
УПАТСТВА
При употреба на вашата парна чистачка морате
секогаш да ги земете во обѕир основните
безбедносни мерки, вклучително со следниве:
1. Пред употреба на вашата парна чистачка
прочитајте ги сите упатства.
2. Апаратот употребувајте го исклучиво за
намени, кои се опишани во упатствата.
3. За заштита од електричен удар ниеден дел
од апаратот да не потопувате во вода или
друга течност.
4. Да не влечете за кабелот, туку за
втакнувачот, ако сакате апаратот да го
исклучите од електричната мрежа.
5. Кабелот не смее да допира жешки
површини. Пред да го отстраните апаратот
или го отворите садот за вода (одвртите
безбедносниот чеп), наполно нека се олади.
Пред да го отстраните апаратот, лабаво
намотајте го кабелот околу апаратот.
6. Апаратот пред полнење или празнење на
водата, или кога не се употребува, секогаш
да го исклучите од електричната мрежа. При
отворање на садот за вода секогаш полека
одвртувајте го безбедносниот чеп. На тој
начин ќе овозможите постепено излегување
на евентуално преостаната пара.
7. Апаратот да не го употребувате, ако е
оштетен кабелот или втакнувачот, или ако
апаратот или некој друг дел од системот
отпаднал или се оштетил. За спречување
електричен удар парната чистачка да не ја
раставувате или се обидувате да ја
поправите. Апаратот вратите му го на
продавачот, каде ќе го прегледат и
поправат. Неправилно повторно
составување или поправка може да
предизвика опасност од електричен удар
или телесни повреди при употреба на
парната чистачка.
8. Во случај да парната чистачка ја
употребуваат деца или се употребува во
близина на деца, потребен е строг надзор.
Не оставајте го апаратот без надзор, ако е
приклучен на електричната мрежа или кога
е жежок.
9. Можни се изгореници при допирање жешки
метални делови, жешка вода или пара. При
празнење на садот за вода по употреба на
апаратот бидете претпазливи, бидејќи во
него може да има жешка вода. Парата
никогаш да не ја насочувате во луѓе. Парата
е многу жешка и може да предизвика
изгореници.
10. Апаратот да не го употребувате во
присуство на експлозивни и/или
леснозапаливи материи.
11. Овој апарат е наменет само за употреба во
домаќинството. Земете ги во обѕир сите
овде наведени упатства за употреба.
12. Во апаратот никогаш да не употребувате
хемикалии или други материи освен вода од
славина. Употреба на хемикалии може да го
оштети апаратот. Употребата на хемикалии
автоматски значи ништовност на вашата
гаранција.
За смалување на опасност од
пожар, електричен удар или
телесни повреди:
Кога апаратот не е под надзор, да не го
оставате приклучен на електричната мрежа.
Електричниот кабел исклучите го, кога
апаратот не се употребува, како и пред
сервисирање или полнење на садот за вода.
Не дозволувајте апаратот да би се
употребувал како играчка. Потребно е
големо внимание, ако апаратот го
употребуваат деца или ако се употребува во
близина на деца, куќни љубимци и собни
растенија.
Апаратот употребувајте го само, како што е
опишано во овие упатства. Употрбувајте
само додатна опрема која ја препорачува
производителот.
Не влечете за кабелот, не употребувајте го
кабелот како рачка, не затворајте ја вратата
со него и не влечете го околу остри рабови
и агли. Внимавајте кабелот да не биде во
близина на жешки површини.
Не употребувајте кабли за продолжување или
приклучници со несоодветно струјно
оптоварување.
Пред исклучување од приклучницата морате
да ги исклучите сите команди.
При исклучување од електричната мрежа не
влечете за кабелот, туку фатите за
втакнувачот.
Втакнувачот или парната чистачка да не го
фаќате со водени раце или со нив да
ракувате со боси нозе.
Во отворите не ставајте никакви предмети.
Апаратот да не го употребувате, ако е кој
било отвор затнат.
АПАРАТОТ СЕКОГАШ ДА ГО ЧУВАТЕ ВО
СТАНОТ во ладна, сува просторија.

Содержание