Gorenje SC 1800 R [46/142] Совети за употреба на вашиот апарат

Gorenje SC 1800 R [46/142] Совети за употреба на вашиот апарат
46
цевка. Подготвите си и четка за под. Со четката
исчистите ги фугите меѓу плочките. Отстраните
ја четката и прицврстите четка за подови, која ја
поместувате по подот да ги исчистите плочките и
ја отстраните излишната мокрота и остатоци. Не
оставајте пред бришење со крпа подот да се
исуши.
Чистење флеки (теписи)
Употребите насочувач на парата со четка или
без неа. На извалканото место работите полека,
да може парата да продре. Поместувајте ја
четката или чистата крпа. Избришете го местото
со крпа ( не тријте). Спрема потреба повторете ја
постапката, за да ја отстраните флеката. Со
правосмукалка шмукајте дури откако тепихот
наполно се исуши.
Пред чистење секогаш проверите ја отпорноста
на бојата на незабележително место на тепихот.
Ако вашат парна чистачка не отстрани
тешкоотстранливи флеки, можеби ќе треба да се
употреби шампон за чистење теписи. НЕ
додавајте раствори за чистење, парфуми, масла
или други хемикалии во водата што ја
употребувате во апаратот, бидејќи со тоа можете
да го оштетите апаратот или да предизвикате,
да неговата употреба не е безбедна.
ВНИМАНИЕ: Секогаш да ја проверите
отпорноста на бојата кај ткаенините, особено
црвени и сини, така да со чиста, влажна, топла
крпа меко триете на мал дел на задната страна
или што пооддалечено место од мебелот. Ако се
обои крпата, веројатно ќе биде потребно
хемиско чистење.
Прозорци, стаклени површини и
огледала
Употребите гумен продолжеток за прозорци.
Млазот пара насочувајте го одозгора надолу.
Гумениот продолжеток употребите го без пара,
за да ја отстраните водата од стаклото. Притоа
употребите попречни движења одозгора надолу,
за да не останат црти на стаклото.
ВНИМАНИЕ: При чистење прозорци внимавајте
да не дојде до ненадејни промени на
температурата и со тоа до кршење или
пукнатини на стаклото.
СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА НА
ВАШИОТ АПАРАТ
Површини од стаклени влакна и
површини што не `рѓосуваат
Употребите четка. Полека поместувајте ја
четката по површината која имате намера да ја
исчистите. Парата ќе ја емулгира нечистотијата
и маснотијата на површината. Потоа на четката
ставите крпа од фротир и избришете ја
излишната мокрота и остатоци. Совет: Стар
совет за полирање челик што не `рѓосува е , да
по чистење го избришете со минерална вода.
Површини во бањи
Употребите четка за фуги за чистење кади или
туш кабини, водила на врата на туш кабини,
тешкодостапни и многу валкани места. Гумениот
продолжеток со два раба за чистење
прозорци/плочки е најефикасна метода за
чистење на преостанатите површини. Земете си
доволно време да топлината продре во
површината. Тоа е особено корисно во туш
кабина за чистење плочки и фуги. Избришите со
крпа.
Со парна чистачка исто така е и полесно
отстранување остатоци од сапун на плочки, фуги и
вратата на туш кабина.
При чистење санитарни арматури употребите
насочувач на пара со четка или без неа.
Излишната мокрота и остатоци избришите со
фротирка или хартиена крпа. За чистење
мијалник и славини употребите четка, потоа
избришите ги со крпа.
Остатоци од сапун
Остатоци од сапун скоро веднаш се
растворуваат при употреба на комбинација на
топлина и влага. Површината потоа исплакните
ја со мало количество вода или па уште еднаш
избришите ја со чиста крпа од фротир.
Забелешка: Остатоци од сапун понекогаш
предизвикуваат груба површина заради
минералите во водата. Во таков случај
употребите четка, да се отстрани таа површина –
или па ја испрскате или избришите најпрвин со
лимон, оцет или минерална вода, за да омекнат
минералите.
Бавни движења при чистење можат да
предизвикат остатоците од сапун да се исушат и
се наберат на површината како зрнца. Таква
површина е зрната на допир. Ако тоа се случи,
уште еднаш со четка на површината нанесите
пара и повторно исчистите.

Содержание