Gorenje K10BKC [12/42] Прирачник за употреба мк

Gorenje K10BKC [12/42] Прирачник за употреба мк
12
ПРИРАЧНИК ЗА УПОТРЕБА МК
Општ опис
1. Подножје
2. Приклучен кабел
3. Прекинувач за
вклучување/исклучување (со
индикатор)
4. Керамичко куќиште
5. Рачка на куќиштето
6. Капак
7. Рачка на капакот
8. Дулец
Важно
Пред употреба на апаратот внимателно
прочитајте го прирачникот за употреба.
Прирачникот чувајте го, ако во иднина би ви
бил повторно потребен.
Пред употреба на бокалот
Ако бокалот го употребувате првпат,
препорачуваме да го исчистите и тоа на тој
начин да еднаш загреете максимално
количество вода до вриење, а потоа водата
ќе ја излеете. Избришите ја површината на
бокалот со влажна крпа.
ЗАБЕЛЕШКА: Максимален капацитет на
бокалот е 1 литар.
Предупредување
1. Пред употреба на апаратот прочитајте ги
сите упатства.
2. Пред да го приклучите бокалот кон
електрична мрежа, проверите дали
напонот, наведен на апаратот (на долната
страна од бокалот и подножјето) се совпаѓа
со напонот во вашата домашна
инсталација. Ако не се софпаѓа, не
употребувајте го бокалот и посоветувајте се
со продавачот.
3. Не дозволувајте приклучниот кабел да виси
преку работ на масата или работната
површина или да допира жешки површини.
4. Не ставајте го бокалот на жежок гасен
горилник или електричен грејач, односно во
близина на таков горилник или грејач, исто
така не во загреана рерна.
5. Апаратот да не работи, ако во него нема
течност, бидејќи во спротивно грејните
елементи можат да се оштетат.
6. Уверите се дека бокалот стои на цврста и
рамна површина, надвор од дофат на деца.
На тој начин ќе препречите да би се
превртил бокалот и избегнете материјална
штета и телесни повреди.
7. Да не би дошло до пожар, електричен удар
или телесни повреди, никогаш да не го
потопувате приклучниот кабел,
електричниот втакнувач или бокалот во
вода или друга течност.
8. Избегнувајте контакт со парата што
излегува низ дулецот на бокалот, во време
кога водата врие или веднаш по тоа.
9. Жешка вода од бокалот секогаш налевајте
полека и претпазливо; не наклонувајте го
бокалот пребрзо.
10. Бидете претпазливи кога долевате вода во
жежок бокал.
11. Овој апарат можат да го користат деца кои
веќе наполниле 8 години, лица со намалени
физички, сетилни или ментални
способности како и лица кои немаат
доволно искуство и знаење ако се под
надзор или биле обучени како да го
користат апаратот на безбеден начин и ги
разбрале опасностите кои можат да се
појават.
12. Децата мора постојано да се под надзор за
да се осигурате дека тие не си играат со
апаратот.
13. Чистењето и корисничкото одржувањето не
треба да го изведуваат деца кои не
наполниле 8 години и кои не се под надзор.
14. Не допирајте ги жешките површини.
Употребите ја рачката или копчето.
15. Приложеното подножје да не го
употребувате за други намени , освен за
предвидената.
16. При поместување или пренесување на
апаратот, во кој има жешка вода, бидете
многу претпазливи.
17. Апаратот не е играчка. Не дозволувајте им
на даца да се играат со апаратот.
18. Бокалот е наменет исклучиво за употреба
во домаќинства. Не употребувајте го на
отворен простор.

Содержание

Скачать