Bosch PKS 12 LI (06033C7000) — упатства за безбедност и употреба на електрични алати [81/127]

Превью страниц Страница 81 / 127
Bosch PKS 12 LI (06033C7000) [81/127] Ставање менување на листот за кружната пила
Македонски | 81
Bosch Power Tools 1 609 92A 173 | (15.6.15)
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2009/125/EC
(одредба 1194/2012), 2011/65/EU, до 19. април 2016:
2004/108/EC, од 20. април 2016: 2014/30/EU,
2006/42/EC вклучително нивните измени и е сообразен
со следните норми: EN 60745-1, EN 60745-2-5.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 25.03.2015
Монтажа
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени во
Технички податоци. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот апа-
рат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/
исклучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата 2 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 1.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 2 притиснете на копчињата за
отворање 1 и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 16 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 2.
Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
4 до пола и потоа до крај, за да се прикаже состојбата на
наполнетост.
Доколку по притискањето на прекинувачот за вклучување/
исклучување 4 не свети LED сијаличката, батеријата е
дефектна и мора да се замени.
Ставање/менување на листот за кружната пила
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
карактеристичните податоци дадени во ова
упатство за употреба.
Во никој случај не користете дискови за брусење
како алат за вметнување.
Демонтажа на листот на пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите електри-
чниот апарат на челната страна од куќиштето на моторот.
Притиснете го копчето за блокада на вретеното 6 и
држете го притиснато.
Копчето за блокирање на вретеното 6 активирајте го
само доколку вретеното на пилата е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Одвртете го 5 затезниот шраф 26 со инбус клуч во
правец на вртење .
Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 20 и држете ја цврсто.
Извадете ја стезната прирабница 25 и листот за пилата
24 од вретеното на пилата 21.
Монтирање на листот за пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите електри-
чниот апарат на челната страна од куќиштето на моторот.
Исчистете го листот за пилата 24 и сите стезни делови
што се монтираат.
Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 20 и држете ја цврсто.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
ЛЕД светло Капацитет
Трајно светло 3 x зелено 2/3
Трајно светло 2 x зелено 1/3
Трајно светло 1 x зелено <1/3
Трепкаво светло 1 x зелено Резерва
OBJ_BUCH-2526-001.book Page 81 Monday, June 15, 2015 11:07 AM

Содержание

379

Откријте важни мерки за безбедност при работа со електрични алати. Научете како да ги користите батериите и алатите безбедно и ефикасно.