Bosch AdvancedOrbit 18 (06033D2100) без акк. и з.у [152/205] Опис на производот и моќноста

Bosch AdvancedOrbit 18 (без акк и з.у.) (0.603.3D2.100) [152/205] Опис на производот и моќноста
152 | Македонски
1 609 92A 2LK | (9.5.17) Bosch Power Tools
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за суво брусење на дрво,
пластика, метал, шпахтел маса како и лакирани површини.
Електричните апарати со електронска контрола се исто
така соодветни за полирање.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
осцилации
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Приказ за наполнетоста на батеријата
4 Батерија*
5 Комплет кутија за прав (Microfilter System)
6 Брусен диск
7 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
8 Копче за отклучување на батеријата*
9 Рачка (изолирана површина на дршката)
10 Брусен лист*
11 Помош при подесување за брусниот лист*
12 Шрафови за брусниот диск
13 Носач за брусниот диск
14 Млазници за издувување
15 Филтер (Microfilter System)
16 Црево за вшмукување
17 Шрафови за дополнителната дршка
18 Пеперутка-навртка
19 Адаптер за вшмукување
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-4.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично изнесува 77 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да
пречекори и 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745-2-4:
a
h
=4,5m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Ексцентрична брусилка AdvancedOrbit 18
Број на дел/артикл
3 603 CD20..
Номинален напон
V= 18
Претходен избор на бројот
на осцилации
Број на празни вртежи n
0
min
-1
3000–12000
Број на осцилации во
празен од
min
-1
6000–24000
Дијаметар на кругот на
осцилирање мм 3,2
Дијаметар на брусниот диск
мм 125
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
кг
1,7 (1,3 Аh)
1,8 (2,5 Аh)
*
Дозволена температура на
околината
–при полнење
–при работа
**
и при
складирање
°C
°C
0...+45
–20...+50
Препорачани батерии
PBA 18V ...W–.
PBA 18V ...V–.
Препорачани полначи
AL 18.. CV
* во зависност од употребената батерија
** ограничена јачина при температури <0 °C
OBJ_BUCH-2926-002.book Page 152 Tuesday, May 9, 2017 1:22 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать