Bosch AdvancedOrbit 18 (06033D2100) без акк. и з.у [153/205] Монтажа

Bosch AdvancedOrbit 18 (06033D2100) без акк. и з.у [153/205] Монтажа
Македонски | 153
Bosch Power Tools 1 609 92A 2LK | (9.5.17)
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени во
Технички податоци. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска
заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]“) од
длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата,
електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата (види слика A)
За да ја извадите батеријата
4 притиснете на копчињата за
отворање 8 и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата 3
Индикаторот за состојба на батеријата на електричниот
алат се состои од три зелени LED светилки. Тој ја покажува
состојбата на батеријата неколку секунди по
вклучувањето и исклучувањето.
3-те LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата брзо трепкаат, доколку температурата е
надвор од обемот на работна температура од –30 до
+65°C или реагира заштитата од преоптоварување.
Избор на лист за брусење
Изберете еден брусен лист со соодветна гранулација во согласност со површината што сакате да ја отстраните. Брусните
листови на Bosch се наменети за бои, дрво и метал.
ЛЕД светло Капацитет
Трајно светло 3 x зелено 66 %
Трајно светло 2 x зелено 33 66 %
Трајно светло 1 x зелено 11 33 %
Бавно трепкање на светлото 1 x
зелено 10 %
Примена Примена Гранулација
Отстранување
(грубо брусење)
грубо отстранување на
материјали
–отстранување на стари бои
–брусење на стари бои, лакови и маса за
полнење
екстра грубо 40
отстранување на тенки слоеви боја
претходно брусење на груби, неделкани
површини
грубо 60
Подготовка
(меѓубрусење)
лесно отстранување
–брусење на површини за
понатамошна обработка
–израмнување на нерамнините
отстранување на трагите на обработка при
грубото брусење
средно 80
обновување на слоеви боја или лак фино 120
Фино брусење
Меѓубрусење на лакирани
површини
–брусење на грешки при
лакирање
отстранување на влакната од површината
фино брусење пред средства за бајцување
или лазура
многу фино 180
–брусење на основната боја пред лакирањеекстра фино 240
OBJ_BUCH-2926-002.book Page 153 Tuesday, May 9, 2017 1:22 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать